(ВИДЕО) Рускоска за настаните од 27 април: Обвинетите правеле план да спречат мирно предавање на власта

Денеска во Основниот суд Скопје 1 обвинителката Вилма Русковска ги даде завршните зборови за предметот „организаторите“ на насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година.

Рускоска достави изменето обвинение и рече дека Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Спиро Ристоски, Миле Јанакиески и Владимир Атанасовски направиле план за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста за да спречат мирно примопредавање на власта, што довело до напад на Собранието. Груевски уште во февруари 2017 година ги повикуваше граѓаните „да не седат дома во папучи“ и „да ја земат судбината во свои раце“, рече Рускоска.

Инаку, во предметот обвинети како организатори на настаните на 27 април се поранешниот собраниски спикер Вељаноски, поранешните министри за транспорт и врски и за труд и социјална политика Јанакиески и Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски. Според обвинението, тие се осомничени за кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедност. Според обвинителеството, тие од партиската зграда на ВМРО-ДПМНЕ издавале команди за делување на полицијата и на напаѓачите.

Четири години по „27-ми април“- амнестиите ѝ пресудија на правдата

Крвавите настани на 27 април се случија пред четири години откако поддржувачите „За заедничка Македонија“ упаднаа во Собранието, откако тогаш опозициската СДСМ заедно со ДУИ, Алијанса за Албанците и Беса го формираа парламентарното мнозинство и го избраа Талат Џафери за собраниски спикер, по што следеше упадот. При упадот во Собранието, нападнати беа пратеници, новинари и други присутни во Собранието.

Во претходен друг судски процес за насилниот упад во Собранието осудени беа 16 лица на затворски казни од над десет години, односно вкупно 211 години затвор за кривично дело терористичко загрозување на државниот поредок.

Дванаесет обвинети меѓу кои и тогашните пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов добија амнестија. Дел од нив подоцна гласаа за промена на името во Северна Македонија.

Судот треба да закаже датум и за завршните зборови на одбраната, по што ќе следува пресуда за случајот.

Link with us
Game bài đổi thưởng