Русковска: Не е работа на Мицкоски и Пендаровски да коментираат судски одлуки, така се врши притисок

Шефицата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, во вечерашното интервју за „360 степени“ рече дека недозволиво е Христијан Мицкоски и Стево Пендаровски како лидер на најголемата опозициска партија и претседателот на државата да коментираат судски одлуки.

-Сметам дека лидерот на најголемата опозициска партија, кој може на следни парламентарни избори да стане премиер на оваа држава, а уште помалку претседателот на државата, може да си дозволат да коментираат судски пресуди, ниту квалификации. Тоа не е нивна работа. Според мене, со тоа се врши директен политички притисок врз работата на судовите. Од друга страна, сите бранители на осудените најавија поднесување на вонредни правни лекови до Врховниот суд. Е сега, доколку Врховниот суд најпрофесионално го сработи предметот и најде дека пресудата треба да се укине, вие како граѓанин што ќе помислите?“ – рече Русковска.

Претходно, Мицкоски и Пендаровски, кои денеска имаа и средба на која разговарале за осудените во случајот „27 април“, рекоа дека тие не се терористи. Но, Русковски посочи дека тие не се осудени за теороризам, туку за друго дело-терористичко загрозување на уставниот поредок.

Link with us
Game bài đổi thưởng