САД: Повеќе од 430 уапсени за упадот во Капитол, се очекува бројката да оди до 800 уапсени и обвинети!

Високиот службеник во Министерството за правда Бред Вигман изјави дека се уапсени повеќе од половина од околу 800 приврзаници на поранешниот претседател Трамп, кои упаднаа во Капитол за да спречат Конгресот да го прогласи Џозеф Бајден за победник на претседателските избори
Повеќе од 430 лица се уапсени во САД во врска со упадот во Капитол на 6 јануари, а тој број се очекува да се зголеми, објави денеска Гласот на Америка (ВОА).

Меѓу уапсените има стотици приврзаници на експретседателот Доналд Трамп кои не се поврзани со екстремистички организации, но и десетици членови на радикални десничарски групи, како и активни и поранешни припадници на безбедносните сили и војници.

Високиот службеник во Министерството за правда Бред Вигман изјави дека се уапсени повеќе од половина од околу 800 приврзаници на поранешниот претседател Трамп, кои упаднаа во Капитол за да спречат Конгресот да го прогласи Џозеф Бајден за победник на претседателските избори.

Нападот, во кој загинаа пет лица, е една од најголемите кривични истраги во историјата на Соединетите држави.

Официјални лица од Секретаријатот за правда велат дека истрагата може да доведе до обвиненија за дури 500 лица, објавува Гласот на Америка.

Според базата на податоци на универзитетот Џорџ Вашингтон, 43 поранешни и тројца сегашни припадници на војската и девет поранешни и четворица сегашни припадници на полицијата се обвинети во врска со немирите наКапитол.

Иако темпото на апсења значително се забави во последните неколку недели, ФБИ продолжува да апси речиси секојдневно.

Link with us
Game bài đổi thưởng