БРАВО МВР – Санкции за три автобуси поради претовар, непочитување на мерките за спречување на ширење на Ковид 19

Денеска (28.05.2021) во периодот од 06.00 до 08.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар, постапиле согласно претходно изготвениот план за контрола и проверка во јавниот превоз, а во врска со почитување на мерките при превоз на патници за време на епидемија. Притоа, на магистралниот пат Гостивар-Кичево била извршена контрола во три автобуси на гостиварска туристичка агенција, при што било констатирано дека не се придржувале кон мерките за заштита на населението од заразни болести односно имало поголем број на патници од дозволеното. По целосно документирање на случајот против правното и одговорното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Link with us
Game bài đổi thưởng