САШКА ЦВЕТКОВСКА И НЕЈЗИНИОТ ТИМ МОЖЕБИ НЕ СЕ 100% ВО ПРАВО ЗА СЕ, А МОЖЕБИ И СЕ, НО САМАТА ЕМИСИЈА Е ОДЛИЧЕН ПРОЕКТ, СЕКОЈА ДРЖАВА ЗА ДА ОДИ НАПРЕД МОРА ДА ИМА ИСКРЕНА КРИТИКА ЛИШЕНА ОД НЕКАКВИ ПОЛИТИЧКИ ИЛИ ДРУГИ ЗАТКУЛИСНИ АГЕНДИ

Пишува: Саше Ивановски Политико

Со нетрпение сите ја очекуваме наредната епизода од проектот РЕДАКЦИЈА на Сашка Цветковска и тимот на ИРЛ.

Таа можеби не е за се 100 во право, се надевам, но можеби се, што исто така не е толку страшно, битно е вистината да се дознае, па каква е таква, после ќе се мислиме како да го тоа поправиме, затоа нејзината емисија е одличен проект, на оваа држава и треба искрена критика оперирана од задни агенди и лични или други намери некој да се расчеречи со клевети и лаги затоа што на некој друг тоа му одговара, какви што критики се нагледавме од куртон опозициските порталчиња и маслосани телевизии…

Сашка Цветковска е друга приказна, таа е новинарски бренд, име зад кое веќе стои сериозна новинарска биографија и труд и дела на кои јавноста и веруваат. Тоа е силата со која што таа и нејзиниот тим располагаат. Затоа и таа треба да внимава да не го фрли сиот тој капитал во амбис ако не внимаваат како ги спремаат своите идни емисии од одличниот проект кој делува малце и холивудски, значи лепи на очи, крева адреналин, одлично смислено како добар исландски сериски филм на Нетфликс…

Гледам некои од нашите инфлуенсери почнаа да ја хејтаат Сашка, мислам дека тие не се свесни дека новинарите како неа и ваквите проекти се корисни за владата и за државата, му помагаат на Заев да ги пронајде оние кои треба да ги очисти на време додека има време, додека не е касно за тоа…

И секако, не само тоа, туку целта на владата е да ја направи земјата подобра за живеење од секој аспект, и новинарите како Сашка помагаат да ги лоцираме точно без мамење и манипулација токму оние точки невралгични кои бараат дејствување веднаш и со најголема општествена сила и фокус а не да лутаме како изгубени гуски во магла.

Затоа честитки за емисијата и многу се радувам на овој одличен новинарски продукт, само напред колеги.

Link with us
Game bài đổi thưởng