СДСМ: Големи се хипотеките на Мицкоски штом секој ден мора да брани криминалци и насилници

Денеска Христијан Мицкоски повторно во првите редови во одбраната на насилството и криминалците, се заканува со ново насилство, како да не ја научил лекцијата на неговиот ментор од Будимпешта, реагира СДСМ за протестот на кој се бара слобода за осудените за „27 април“.

– Очигледно големи се хипотеките на Мицкоски штом тој мора секој ден да брани криминалци и насилници. Тоа што луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, се обидоа да убијат пратеници и да го загрозат уставниот поредок Мицкоски ги брани и ги нарекува уставобранители е доказ дека овој човек е цврсто застанат зад насилството и криминалот, на спротивната страна од интересите на граѓаните и државата. И не треба да се чуди што граѓаните шест пати го казнуваат на избори, ќе продолжат да го казнуваат се додека е на страната на криминалот и насилниците, се вели во реакцијата на СДСМ.

Link with us
Game bài đổi thưởng