СДСМ КУМАНОВО – Илиевски: Нереализираната програма од 2017 година е причина за избор на нов кандидат, СДСМ е сплотено за победа…

Оливер Илиевски, кандидатот на СДСМ за Градоначалник на најголемата општина Куманово гостуваше во Студио 10 на ТВ 24.

Тој разговараше за проектите коишто ги има како кандидат за модерно Куманово, започнувајќи со приоритетите како Мој Еколог за чист град, со гасификација на цело Куманово, со три катни гаражи, градско шеталиште, две детски градинки итн. Илиевски нагласи дека Владата го раздолжи Куманово и инвестираше во голем број прокети, реконструкции и изградби на инфраструктура, училишта, игралишта и дека таа поддршка во негов мандат ќе продолжи уште подинамично со план и стратегија за се, наспроти 12-те години на Владата на ВМРО-ДПМНЕ која во Куманово инвестираше само во две тениски игралишта.

„И за овие 4 години Владата се обиде, но имаше несогласувања со актуелниот градоначалник и недоволна комуникација за изнаоѓање средства за реализација на проекти. Тоа е главниот проблем – нереализирана програма од 2017 година”, подвлече Илиевски.

На прашањето каква е поддршката од кумановци, Илиевски потенцираше „Голем е предизвикот да се биде градоначалник на општина како Куманово. Веќе неколку месеци се шпекулираше кој ќе биде кандидат за градоначалник, а Максим Димитривски не го дочека изјаснувањето на Централниот одбор.

Имавме внатрепартиска анкета, на неа се одлучи кој треба да се кандидат за градоначалник. Јас бев главен фаворит на анкетите, околу 3.500 наши членови се анкетирани, таа анкета јасно покажа кој треба да е кандидатот.

И да не отидеше Димитриевски како независен, мислам дека јас ќе бев кандидатот на партијата за градоначалник.„

На прашањето дали постои поделеност во кумановското СДСМ, Илиевски беше дециден – „OO СДСМ Куманово никогаш не била толку обединета како што е сега, секогаш имало превирања, но јасно беше од 138 делегати на конференција, само 5 гласаа за актуелниот градоначалник, тоа е минимална бројка наспроти она во СДСМ Куманово.”

Link with us
Game bài đổi thưởng