СДСМ: Парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори

СДСМ и владината коалицијата освоија повеќе гласови за советници од опозицијата, парламентарното мнозинство нема да гласа за брзи предвремени избори бидејќи државата е поважна од разулавеноста на Мицкоски, одговараат од владејачката партија откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција побара брзи парламентарни избори.

Од СДСМ велат дека се потврдило оти најавите за ново мнозинство од Христијан Мицкоски се нереални и нечесни, а пренесуваат и со пресметки за освоените гласови за советничките листи.

„Го лажеше Мицкоски народот до само пред три дена дека има ново мнозинство и еве ја вистината јавноста ја гледа денеска. Кога ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се повикуваат на изборните резултати, еве им ја математиката. Партиите од владината коалиција на советничките листи овие избори освоија над 419 180 гласови, што е за 19 090 повеќе од гласовите на партиите од опозицијата. Или изразено во освоени советнички мандати, СДСМ и владината коалиција имаат 664 советнички места, што е 61 повеќе од советничките места кои ги освоија ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата“l -велат од СДСМ и уште еднаш порачуваат дека парламентарното мнозинство е стабилно.