СДСМ РАСПАЛИ ПО МАКСО ВМРОВЧЕТО: Излези Максо и извини се на Кумановци за лагите што ги кажуваше во изминатите 8 години колку си на власт во Куманово, излези и извини за трагичниот настан, излези и поднеси одговорност.

Соопштение на СДСМ Куманово:

Молк од страна на Максим Димитриевски

Да се води и да се менаџира најголемата општина во Македонија е привилегија, но и голема одговорност. Не секогаш ќе те прати среќата.

Затоа во кризни и несакани ситуации треба да се поднесе одговорност.

Но, Градоначалникот кој 8 години е на власт никогаш не сака јавно да излезе, да се извини и да поднесе одговорност.

Имено, во петокот се случи страшна трагедија во Куманово, млад живот згасна во сообраќајна несреќа на ул Тоде Думба и Драган Стопаревиќ.

За овој трагичен настан е одговорен градоначалник Максим Димитриевски.

Зошто? На локацијата со години наназад е барано да се постави еластична ограда, инвестиција не поголема од 1.500 ЕУР. На сите средби со граѓани од населбите Гоце Делчев и III-та МУБ кои сме ги имале во изминатите 8 години, а на кои лично Максим Димитриевски беше присутен е барано да се намести еластична ограда. Максим Димитриевски едноставно немаше слух и несакаше да излезе во пресрет на Кумановци.

Сега, кога се случи овој трагичен настан, истиот Максим Димитриевски бега од јавноста и се крие.

Максим Димитриевски, да ти порачаме, не секогаш треба да работиш во интерес на приватни компании како што самиот си призна, треба да се работи и во интерес на своите Кумановци.

Максим Димитриевски излези и извини се на Кумановци за лагите што ги кажуваше во изминатите 8 години колку си на власт во Куманово, излези и извини за трагичниот настан, излези и поднеси одговорност.

sun win

sunwin

sunwin apk sunwin tài xỉu tải sunwin apk

sunwin

sunwin