СДСМ РЕСЕН ЗА 6 МЕСЕЦИ МАНДАТ НА ЛОКАЛНАТА ВЛАСТ НА ВМРО ДПМНЕ: Народот убаво кажал, онаму каде што ти ветуваат многу понеси мала торба!

Почитувани сограѓани, поминаа првит шест месеци откако власта во Општина Ресен ја презеде ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Јован Тозиевски.
Народот убаво кажал, онаму каде што ти ветуваат многу понеси мала торба!

Ова почитувани сограѓани важи и во случајот на градоначалникот Тозиевски.
Предизборно ветуваа брда и долини само да дојдат на власт! А сега, немаат закрпено една дупка, немаат асфалтирано 1 метар улици, не остварија нити еден проект од она што го ветија во нивната предизборна програма.
Се сликаше со улиците кои беа предвидени да се асфалтираат од претходниот градоначалник, ги презентира фотоволтаиците поставени на зградата на Општина Ресен, како негов најголем успех, а беа наследени од претходно, исто како и електричното возило кое го набави од проект на претходниот градоначалник, а кое нити го презентира, а треба да добие и уште едно електрично комби возило.

Ги остави луѓето среде зима да се снаоѓаат како знаат и умеат по замрзнати и неисчистени коловози и сега, сега го нема никаде.

Преспа се дави во ѓубре, Ресенските улици никогаш не биле по нечисти, масовно се изврши егзодус на уличните кучиња, граѓаните вријат од незадоволство.
Господине Тозиевски, за шест месеци не сработивте ништо, нити за општината нити за граѓаните. Во вас преспани гледаа успех и напредок, а од Вас добија една голема нула.
Граѓаните на дело ја гледаат неработата и неспособноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа Мицкоски се заканува со блокади и зборува за предвремени парламентарни избори во време на најголема економска и енергетска криза.
Господине Тозиевски, ја видовме вашата неспособност, за жал ништо во иднина нема да се поправи, најголем губиник ќе е Општина Ресен и нејзините жители.
Во името на сите Преспани, во интерес на Преспа, Ресен и нејизната иднина, ве замолуваме да си поднесете оставка и да ја оставите општината на луѓето кои знаат да работат, на луѓето кои си ја сакаат Преспа.

sunwin.apk mới nhất

sunwin apk sunwin web sunwin tài xỉu

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin