(ВИДЕО) СДСМ: Со надзорната расправа пропаднаа лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ за „Еуростандард Банка“

Изјава за медиуми, Стефан Васев од СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Вчерашната надзорна расправа во Собранието околку случувањата со „Еуростандард Банка“ покажа дека пропадна уште еден обид на очајната ВМРО-ДПМНЕ за партиско профитирање.

Пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ предводена од губтиникот Мицкоски да се внесе паника во јавноста преку пласирање шпекулации дека банкарскиот систем е загрозен.

Пропаднаа и обидите да се обвини СДСМ и власта заради неуспешната работа на менаџментот на „Еуростандард Банка“.

Надзорната расправа покажа дека и партнери на Мицкоски во бизнисите со хидроцентралите земале кредити од „Еуростандард Банка“, како што е фирмата „Минка ДА“.

Случајот со „Еуростандард Банка“ го водат, независни, професионални и одговорни институции кои работат согласно законите и единствено во интерес на граѓаните и државата.

Почитувани,

Без разлика дали станува збор за банкарскиот сектор, за економијата, за здравјето на граѓаните или иднината на државата, ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски е секогаш на спротивната страна.

Лажни вести, деструкција, дејствување на штета на граѓаните, тоа е она што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ секојденвно го прават. Со таквото однесување, тие единствено можат да се надеваат дека уште долго ќе останат таму каде што се – во длабока опозиција.

tải sunwin

game bài sunwin sunwin web sunwin club

sunwin

sunwin web game bài sunwin sunwin.apk mới nhất

game sunwin sunwin apk game sunwin