СДСМ УДРИЈА ВО ЦЕНТАР: При посетата на градовите и селата, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите блокади на Собранието!

Најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе ги посетеле домовите на граѓаните е добра прилика тие да им се извинат и да им објаснат зошто кочат важни закони во Собранието.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ пред граѓаните кои ги гласале и кои преку Буџетот ги плаќаат треба да објаснат зошто работат против интересите на државата.
Нека ги искористат посетите и средбите и нека објаснат:

Зошто со месеци ги кочеа законите за реализација на економските мерки и помошта за граѓаните?

Зошто го кочат Законот за изградба на нов клинички центар?

Зошто застанаа зад осудените насилници од 27 април?

Зошто го бранат криминалот на Сашо Мијалков и Орце Камчев?

Зошто секојдневно шират лажни вести?

Нека им го објаснат ова на граѓаните, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа нека ја бараат нивната доверба.

Се додека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски се на браникот на криминалот, се додека работат против граѓаните и државата, се додека нанесуваат штета на државните интереси, се дотогаш ќе бидат поразувани од страна на граѓаните и се дотогаш ќе бидат опозиција.

Link with us
  • rikvip rikvip ios game bài đổi thưởng rikvip
  • rikvip đổi thưởng tải rikvip tải rikvip cho iphone
  • sun win 88 game sunwin bị sập sunwin
Game bài đổi thưởng