СДСМ: За 11 години ВМРО-ДПМНЕ можеше да набави противпожарни возила, но наместо тоа потроши 20 милиони евра на Панорамско тркало за да ги исполни желбите на Груевски

ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири од успешното раководење на Град Скопје од страна на СДСМ и градоначалникот Петре Шилегов, па затоа продолжува со лажни конструкции и неосновани обвинувања, овој пат за наводна корупција при набавка на противпожарно возило со автомеханичка скала. – реагираат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ повеќе од две децении раководеше со Град Скопје – резултат од тоа се потрошени стотици милиони евра народни пари за обезличување на градот со проектот Скопје 2014, за лажен барок, стиропор, жални врби, палми и споменици.

Колку противпожарни возила со скали можеа да набават да не правеа лавови, фонтани и вртелешки, да не потрошеа речиси 20 милиони евра на Панорамското тркало?

Но, Коце Трајановски, Никола Груевски и неговиот послушник Мицкоски, не мислеа на безбедноста на граѓаните, мислеа само како да ги наполнат своите џебови и го оставија главниот град без функционална противпожарна опрема.

Противпожарното возило со автомеханичка скала, со кое се спасуваат животи, бидејќи при пожар овозможува евакуација на сите што живеат во објекти од петти кат нагоре, кои често остануваат заробени во своите домови, е набавено низ транспарентна постапка со меѓународен тендер.

СДСМ се грижи за граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ никогаш не биле важни интересите на Град Скопје, интересите на скопјани, за ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш бил важен само личниот и партиски интерес.

Затоа шест пати за четири години се поразени на избори, затоа уште долго ќе бидат опозиција. – стои во реакцијата од СДСМ.

Link with us
Game bài đổi thưởng