СЕ ИСПЛАШИЈА БРАЌАТА: Радев не прифаќа европски историчари за посредници во македонско-бугарската комисија

„Немаме потреба од посредници. Никој не ја познава нашата историја подобро од нас самите“, изјавил Радев за бугарските новинари во Рим на прашањето за предлогот европски историчари да се вклучат во заедничката комисија.

Ова, како што изјавил Радев, многу пати му го кажал на претседателот Стево Пендаровски.

„Од нас зависи. Од еден отворен и конструктивен дијалог со Софија, базиран на историски аргументи. Комисијата ќе сработи за историјата, но најважно е ние, на високо политичко ниво да ги направиме неопходните чекори. Тие чекори не минуваат низ другите европски престолнини и од таму да се изврши притисок врз Бугарија. Во никој случај. Вистинскиот чекор е еден – во Софија. Тогаш ќе се решат сите проблеми. Ние треба да бараме одржливо и неповратно решение“, изјавил Радев за бугарските новинари во Рим.

Link with us
Game bài đổi thưởng