СЕ КАРАМЕ СО БУГАРИТЕ ДАЛИ БИЛЕ ФАШИСТИ ПРЕД 70 ГОДИНИ А НИЕ СЕГА СЕ ИЗБРУКАВМЕ: Повторно ксенофобични и дискриминирачки реакции во однос на Лев Тахор, овој пат во Охрид

Повторно ксенофибични реакции и најава за протести, овој пат во Охридско, откако на социјалните медиуми и локалните портали се прошири информацијата дека членовите на оваа еврејска група, по Куманово и Скопје ќе бидат сместени во Охрид.

Иако МВР неколку пати најави дека станува збор за група која не претставува никаква опасност, се апелираше на толерантност и солидарност, нагласено беше дека е влезена со легална виза и има право во државата да остане 90 дена дел од локалното население се мобилизира преку социјалните и локалните медиуми.

Групата првично беше во КУманово но по нападите од дел од локалното население со јајца и кршење на вратата. МВР со полициска придружба ги префрли во хотел во Скопје каде беа под заштита, но реагираа дека им е одземено правото на слободно движење.

Од МВР уведуваат дека оваа група е со легален престој и привремено престојуваат во државава.

Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.

Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) поведе постапка за заштита од дискриминација на верската групата „Лев Тахор“. Предметот, како што соопштија од Комисијата, се води по основ на потекло, религиско и верско уверување во областа на пристапот до добра и услуги.

КСЗД, како што се наведува во соопштението, ги следеше и известувањата на медиумите, како и излагањата на невладините организации по повод настаните во Куманово, а по извршениот увид, констатираше дека првенствено немало физички напад од граѓаните кон групата, туку лажна информација била проширена од страна на медиумите.

sunwin tài xỉu

sunwin

sunwin tài xỉu game bài sunwin sunwin apk

tải sunwin apk tải sunwin apk sunwin tài xỉu

sun win