СЕ ПОТВРДИЈА НАПИСИТЕ НА МАКТЕЛ: МАКСО САКА ДА ГО МОЛЗЕ СДСМ ДОДЕКА ВРШИ НУЖДА ВРЗ СДСМ

Не може да решиш да одиш сам на избори без да ги почитуваш партиските тела и органи на партијата а притоа да се буниш ако те исфрлиле од партија?!?!

Не може да плукаш по партијата и нејзиното раководство и да вилдаш личен рејтинг на сметка на партијата а притоа да сакаш да бидеш член на таа партија?!?!

Не може да ги сакаш бенефитите на една организирана силна партија која во Куманово е сила на која и нема рамна а притоа да се поставуваш надмено над таа партија и да ја множиш со нула кога треба да се покаже лојалност, да се почитуваат партиски одлуки да се почитува партиска хиерархија?!?!

Сигурно дека силата на СДСМ во Куманово и во државата не е поради капацитетите на Максо, туку поради години и години тешка борба и мачна работа на многу членови на СДСМ во Куманово но и битка на СДСМ на државно ниво што потоа се одразува и како локална сила и популарност во Куманово…

Се потврдија написите на Мактел, Максо ќе плаче дека е нелегално искличен и ќе се преставува како кандидат на СДСМ во обид да ги добие гласачите на армијата членови и симпатизери на СДСМ во Куманово, но тој тоа не е, тој е слободен стрелец, забегана овца од стадото.

Да, институцијата градоначалник бара да се гласа за индивидуа, човек со капацитети и способности и стабилност. Токму поради тоа, Кумановци нема да гласаат за Максо, тој покажа дека е конфликтна личност, се кара со матичната партија, нема во него ниту лојалност ниту благодарност ниту почит, има само болна амбиција и макијавелистичка спремност да гази по политичките лешеви на своите сопартијци.

СДСМ како организирана демократска партија одлучува кого ќе му престави на кумановци, СДСМ како групација на луѓе знае најдобро што е добро за СДСМ и за Куманово, останува на Кумановци потоа тоа да го потврдат или одбијат преку начелата на демократијата.

Тоа што зад некој кандидат стои СДСМ е најголем комплимент за тој човек и му два најголеми шанси за победа на изборите во Куманово. Во моментов тоа не е Максо, туку Оливер Илиевски.

Link with us
Game bài đổi thưởng