Се преврте турски автобус во Куманово, трoјца повредени

Турски автобус полн со патници попладнево се превртел на раскрсницата на автопатот Куманово- Белград, во населбата Долно Којнаре.

Од СВР Куманово соопштуваат дека несреќата се случила во 17 часот, кога автобус на туристилка агенција со турски национални ознаки излетал од патот.

„Според првичните информации три лица се здобиле со полесни повреди, но одбиле лекарска помош“, велат од кумановската полиција.

На лице место е увидна полициска екипа, како и Итна помош и Противпожарната единица.

Текст и фото: kumanovonews.mk/

Link with us
Game bài đổi thưởng