СЕ ВЛОШУВААТ ОДНОСИТЕ СО РУСИЈА: Северна Македонија протера руски дипломат, дали ја снимал НАТО вежбата во Криволак?!

Министерството за надворешни работи, согласно член 9 од виенската конвенција за дипломатски односи, одлучи да прогласи еден дипломат на Амбасадата на Руската Федерација за непожелна личност во Македонија, информира МНР.

– Во оваа насока, на 14 мај 2021 година, во просториите на Министерството за надворешни работи беше повикан Амбасадорот на Руската федерација, при што беше врачена нота со која се наложува на посочениот дипломат да ја напушти територијата на Северна Македонија во рок од седум дена – велат од МНР.

Членот 9 од Виенската конвенција за дипломатски односи вели дека земјата домаќин може без образложение да протера од државата лице кое е дел од странска дипломатска мисија. Ако амбасадата не го повлече од земјата лицето прогласено за ПЕРСОНА НОН ГРАТА тогаш државата домаќин може да го уапси дипломатот и самата да го депортира.

Обично пракса е да се посегне по ваков чекор ако некој дипломат ги надминал своите овластувања, ако е фатен како шпионира или ако прави други непријателски активности спрема земјата домаќин или спрема други институции кои се дел од НАТО или ЕУ.

Во моментово во Криволак близу Неготино се одвива голема НАТО вежба во која учествуваат Американски, Грчки и Бугарски војници, па можно е овој дипломат да бил дел од военото разузнавање на Русија и да правел фотки или видеа со кои ја документирал вежбата што потоа предизвикало реакција на нашето воено разузнавање и реакција на МНР да се протера дипломатот. Но ова се само шпекулации.

Link with us
Game bài đổi thưởng
    Tao không top thì mày khỏi top guroq lêu lêu mãi yêu ^^ Lêu lêu ăn cắp chất xám unnatural sex videos lêu lêu :P