СЕ ЗАПАЛИ БРОД СО 290 ПАТНИЦИ И ЕКИПАЖ КОЈ СЕ ДВИЖЕЛ ОД ГРЦИЈА ДО ИТАЛИЈА, НАД 10 СЕ ИСЧЕЗНАТИ, ДРУГИТЕ СЕ СПАСЕНИ СО ЧАМЦИ БРОДОВИ И ХЕЛИКОПТЕРИ

Спасените патници и членови на екипажот од траектот што се запали додека пловеше од Грција за Италија, се пренесуваат на грчкиот остров Крф, каде што ќе се пребројат, регистрираат и идентификуваат, а паралелно во тек е истрага за евентуални исчезнати лица, јави МИА од Атина.

На траектот имало вкупно 290 лица, 239 патници и 51 член на екипажот, а грчките медиуми објавија дека постојат информации за околу десет исчезнати лица, односно станува збор за лица кои се наоѓаат на листата патници, но не се во чамците за спасување, без тоа да значи дека со сигурност се качиле на траектот и без да постои официјална потврда.

Сепак, точниот број на спасени, евентуалниот број на исчезнати, ќе биде познат откако сите патници ќе се пренесат на Крф и ќе заврши процесот на идентификација.

Според сведоштвата на патниците за грчките медиуми, капетанот околу 4.30 часот ги информирал дека треба веднаш да ги напуштат нивните кабини, да се соберат на палубите, по што со елеци за спасување биле пренесени и евакуирани во чамци за спасување, а подоцна преземени од бродови на крајбрежните служби.

Од грчката крајбрежна служба соопштија дека утрово биле информирани за пожар на една од палубите на траектот „Euroferry Olympia“ што плови под италијанско знаме и додека се наоѓал во морскиот дел североисточно од островот Ерикуса и пловел од Игуменица за Бриндизи.

„Според официјалната евиденција на екипажот и патниците што ги достави капетанот на бродот во Игуменица, пред неговото поаѓање, на ‘Еурофери Олимпиа’ имало 239 патници и 51 член на екипажот. Во тек е акција за спасување и транспорт на патниците на бродот. Целосната регистрација и идентификација на патниците ќе се изврши на Крф“, рече Никос Лагадианос од грчката крајбрежна служба.

Додаде дека во морскиот дел во близина на траектот се четири патролни бродови и еден спасувачки брод на грчката крајбрежна служба, чамец на италијанска економска полиција, два брода што се во близина, два приватни чамци, четири хеликоптер, од кои два од военото воздухопловство и по еден од крајбрежната служба и воената морнарица, а се очекува да пристигне и една фрегата, како и реморкери.

game sunwin tải sunwin apk sunwin.apk mới nhất

sunwin

sunwin

tải sunwin apk

tải sunwin apk tải sunwin tải sunwin apk