Секој жител има по 100 евра во инвестициски фондови

Секој македонски жител, просечно, вложил по 100 евра во инвестициски фондови. Прометот на домашните и на странските пазари на хартии на вредност (и покрај сите предизвици со пандемијата) континуирано растат и се забележува тренд на значајно вложување на заштедените пари на пазарите на капитал, вели Коста Костадиновски, директор на Капитал Ассет Менаџмент на средба со новинарите.

Според него, луѓето се повеќе бараат алтернативи за вложувања на заработените и заштедените пари заради ниските каматни стапки. „Истовремено, компаниите и граѓаните кои не беа директно погодени од пандемијата останаа со добра ликвидност. Затоа, во се поголем фокус на интерес се инвестициските услуги, како што се вложувања во акции на домашни и на странски берзи, во инвестициски фондови, во животно осигурување поврзано со инвестициски фондови и во доброволни пензиски фондови. Посебно што одредени финансиски производи се лесно достапни и за навистина мали износи“, објаснува Костадиновски.

На средбата, Костадиновски објасни дека со отворањето на можноста за тргување со хартии од вредност на странските пазари се наметна потребата да се зголеми бројот на лица кои професионално управуваат со индивидуални портфолија на хартии од вредност. „Светскиот пазар на хартии од вредност е голем и затоа се потребни знаење, вештини и соодветна анализа на податоците за тоа каде треба да се вложат парите на нашите граѓани. Излезот на овие пазари е поткрепен со соодветна организирана инфраструктура, која е регулирана од државата“, додава Костадиновски.

Тој објаснува дека е потребно граѓаните да добиваат соодветни и квалитетни информации и да се едуцираат за движењата на светските пазари на капитал, каде секој наш жител, рамноправно со европските жители, може да ужива во придобивките од овие вложувања.

Костадиновски е овластен инвестициски советник со 18-годишно работно искуство во повеќе финансиски институции. Од минатата година е основач и директор на Капитал Ассет Менаџмент, Друштво за инвестиционо советување и управување со портфолија на хартии од вредност.

sunwin

sun win

sun win

sunwin tài xỉu tải sunwin sunwin apk

sunwin tài xỉu