СЕПАК ЗНАЕМЕ ДА ПРОИЗВЕДЕМЕ И ТЕХНОЛОГИЈА СО СВЕТСКИ КВАЛИТЕТ: Битолчани им ја продадоа една од најпрофитните македонски компании на Британци

Една од 100-те најпрофитабилни македонски компании ЕРИ Корпорација е купена од британската Volution Group plc за непозната сума на пари, а новиот сопственик го превзема битолскиот произведувач на опрема за климатизација од браќата Пецо, Борче и Зоран Талевски, како и од Митко Кокиноски.

ЕРИ Корпорација е четврта најуспешна компанија од Битола според остварениот профит во минатата година. Компанијата која своите производи ги пласира ширум пазарите во Европа лани оствари приходи од 10,7 милиони евра, што е за седум отсто повеќе од една година претходно. Профитот изнесува 2,2 милиони евра, а профитната маржа во однос на приходите е 20,6 отсто што ја прави една од најуспешните во земјата во овој сегмент. Во 2019-та профитот беше уште поголем и изнесуваше 2,5 милиони евра.

Еден од сопствениците, Пецо Талевски, не сака да зборува јавно за преземањето, но вели дека компанијата е брзорастечка, со оглед дека е формирана пред шест години, а поголемиот дел од уделот го поседуваат Македонци, но и дека имало странски соработници.

– На приходите и добивката може да се гледа позитивно, но треба да се знае и дека голем дел од инвестициите се должат на кредити кои треба да се враќаат. Инаку превземањето од британскиот купувач се случи со помош на една странска фирма-посредник, а ние во моментов имаме помеѓу 220 и 230 вработени, но сега не би сакал да зборувам јавно за тоа бидејќи има и други сопственици и за тоа е потребно заедничко мислење, вели Талевски.

Volution Group plc е производител на опрема за вентилација за комерцијални и станбени клиенти. Со седиште во Кроули, Западен Сасекс, компанијата е котирана на Лондонската берза и е составен дел на индексот FTSE 250.

EРИ Корпорација ДООЕЛ Битола е компанија во која има и странски капитал и еден од најголемите светски производители и извозници на топлински разменувачи и вентилациски компоненти.

Минатата година се најде единствено зад Битолска Млекара, Цермат и Марковски компани според остварената добивка во Битола за годината 2020.

sunwin.apk mới nhất sunwin tài xỉu sunwin.apk mới nhất

sun win

sunwin

sunwin tài xỉu

sunwin web sunwin web game bài sunwin