Шаќири: Грант од 3 милиони евра за реконструкција на 30 училишни спортски сали и за набавка на спортска опрема

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири објави фејсбук статус со информација дека на 17ти мај ќе потпише договор за грант вреден 3 милиони евра, со кој ќе се финансира реконструкцијата на 30 постоечки училишни спортски сали во основни и средни училишта, а воедно и ќе се набави нова спортска опрема за вкупно 50 спортски сали во склоп на основните училишта.

„Станува збор за објекти каде согласно анализата на МОН нотирана е најголема потреба од инвестиција заради подобрување на условите за спорт и рекреација, како основа за правилен физички и ментален развој на младите и за градење на здрави ученички генерации.

На почетокот на мојот мандат, реков дека вложувањето во образовната инфраструктура ќе биде еден од врвните приоритети во моето работење и ова ќе биде едно големо остварување во таа насока. Проектот нема да ја задолжи државата од финансиски аспект, затоа што се работи за добиени неповратни средства преку Инвестициската рамка за Западен Балкан, за што сум искрено благодарен на Банката за развој при Советот на Европа.

Продолжуваме да работиме во интерес на учениците и обезбедување на услови за поквалитетно образование“, пишува министерот во својот фејсбук статус.

Министерство за образование и наука

tải sunwin

sun win

tải sunwin

sunwin

sunwin web