ШАРЛАТАНИ ГО ИСПЛАШИЈА НАРОДОТ, ВАКЦИНИТЕ СЕ БЕЗБЕДНИ, САМО 0,03 ПРОЦЕНТИ ЈАВИЛЕ БЛАГИ НУС ЕФЕКТИ – Во МАЛМЕД неделно стигнуваат само неколку пријави за несакани ефекти од ковид вакцината

До Агенцијата за лекови и медицински средства од почеток на вакцинацијата против ковид – 19 па се до денес, на неделно ниво пристигнуваат по неколку пријави за сомнеж на несакана реакција од вакцините од сите три дози на вакцина, информираат оттаму за „Слободен печат“.

По спроведена вакцинција на 864 759 лица во нашата земја (согласно официјалните податоци објавени од Министерството за здравство), кај помалку од 0,03 проценти од извршените вакцинации е пријавен сомнеж за несакана реакција.

-Во текот на 2021 година процентот на пријавените несакани реакции по примена на вакцина против ковид 19 е 0,03 проценти, велат од МАЛМЕД.

Според информациите доставени во Агенцијата, најчесто се пријавени несакани реакции со лесна симптоматологија како покачена телесна температура, малаксаност, главоболка, гадење, вртоглавица, болка и оток на местото на апликација и болка во мускули.

Доколку пациентите, корисници на лекот се посомневаат дека одреден симптом кој го почуствувале е поврзан со земање/примена на лек кој го користат, треба да постапат на следниов начин:

Да го прочитаат повторно Упатството за употреба на лекот, бидејќи таму се наведени очекуваните несакани реакции при примена на тој лек, како и препораките како да постапат во случај на појава на сериозни несакани реакции.
Да се обратат кај нивниот лекар или фармацевт, бидејќи тие ќе им дадат стручен совет за понатамошна примена на лекот за кој се сомневаат дека им ја предизвикал несаканата реакција (на пример: прекинување на употреба на лекот, промена на лек, намалување на доза, продолжување со терапија и др.)

Несаканите реакции од лековите да ги пријават во Националниот центар за фармаковигиланца при Агенцијата за лекови и медицински средства (ул.Св.Кирил и Методиј бр.54 кат 1) или по електронски пат преку веб страната на Агенцијата http://malmed.gov.mk// со пополнување на Оn-line апликацијата за пријавување на несакани реакции за пациенти.

sunwin

tải sunwin

tải sunwin

tải sunwin

sunwin club