Шекеринска: На овие избори излегуваме со коалиција која што е најширока, најразлична, најбогата

Вечерва во Ресен како дел од караванот на „Најдоброто за мојата општина се обрати и носителката на листа во изборната единица 5 и министерка за одбрана Радмила Шекеринска, во своето обраќање таа рече:

„Преспа и Ресен се навистина убави. И единствено нешто што е поубаво се нејзините луѓе, отворени, широки, големи во душата и тоа имав прилика да го видам и оваа година и минатата година кога во најтешките моменти за Ресен и Преспа луѓето ги отвораа своите срца и знаеја дека овие одлуки, одлуките што ги носиме на избори не се само работа од еден ден, не се само кампања од 20 дена, туку тие не земаат и потоа не носат 4 па дури и повеќе години.

И затоа секој пат пред ресенчани излегуваме со чесна понуда, излегуваме со јасно дефинирани програми и овој пат исто така излегуваме со коалиција која навистина наликува на целиов регион, покажува колку сакаме да работиме со различни луѓе, да говориме и на различни јазици, ама секогаш да наоѓаме сила да најдеме решение.

И затоа на овие избори излегуваме со коалиција која што е најширока, најразлична, најбогата, луѓе кои произлегуваат од различни искуства и општини од 17 различни партии, но кои навистина се обединети со една цела „Да го понудат најдоброто што го имаат на својата општина, на своите соседи, на своите сограѓани и на својата држава.“

Преспа е најевропскиот регион во нашата држава. Регион кој Живе тоа со право го кажува, ги очекува најголемите европски фондови токму овде, ама ги заслужи. Ги заслужи заради тоа фондовите се пари, шанса за инфраструктура, шанса за решавање проблеми, ама овие фондови овде се заслужени бидејќи вие секој ден ги живеете европските вредности. Иако постои некое место каде не треба да се зборува за ЕУ, тоа е овде во Ресен, заради што тие вредности се чувствуваат“.