ШЕЌЕРИНСКА: ОФИЦЕРОТ КОЈ ЗАБОЛЕ ВО АФРИКА ОД КОРОНА ЦЕЛОСНО ОЗДРАВЕ, СЕ ВРАЌА НА РАБОТА

Среќна завршница на патешествието на нашиот потполковник кој во Централноафриканската Република заболе од КОВИД.

По 22 дена на Инфективната клиника, тој е сосема излекуван и денеска си оди дома!

Го испрати д-р Илир Демири и дел од медицинскиот персонал кои се грижеа за него.

Благодарност до сите! Ништо не оставивме на случајноста и ова е најдобриот исход што сите го посакувавме!

Потполковникот набргу се враќа меѓу своите колеги, на своите должности во Армијата.

Радмила Шеќеринска, фб пост

Link with us
Game bài đổi thưởng