ШЕЌЕРИНСКА: ЗАБОЛЕНИОТ ПОТПОЛКОВНИК УТРОВО Е ДОНЕСЕН ВО ИНФЕКТИВНА, СЕ ЧУВСТВУВА ДОБРО

Рано утрово нашиот потполковник пристигна од Централноафриканската Република во Скопје. Добро го поднесе летот и сместен е на Инфективната клиника.

Директорката на Клиниката д-р Милена Стевановиќ не’ информираше дека потполковникот е во добра општа состојба и стабилен. Му посакувам брзо да оздрави.

Благодарни сме на Инфективната клиника и на сите кои учествуваа во медицинската евакуација.

Link with us
Game bài đổi thưởng