Шекеринска: Заев има јасна визија – нема преговори за јазикот и идентитетот!

Со Софија разговараме како да го надминеме впечатокот кој тие го имаат дека спроведувањето на Договорот за пријателство не е на посакуваното ниво, и да добиеме поддршка за почеток на преговорите, вели министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

-Мислам дека сите овие прашања се прашања коишто треба да ги поставите на луѓето коишто се вклучени во преговорите. Меѓутоа, мислам дека тие веќе ви дале одговор. Дискутираме како да го надминеме впечатокот кој го има Бугарија дека спроведувањето на Договорот за пријателство не е на нивото кое што го посакуваме, но најважно од се дискутираме како да ја добиеме и нивната поддршка бидејќи останатите држави членки на ЕУ се сложни да ги почнеме преговорите и да се организира првата меѓувладина конференција, вели министерката Шекеринска.

Во одговор на новинарско прашање за обвинувањата од опозицијата за национално предавство, таа посочи на изјавата на премиерот Зоран Заев дека идентитетските прашања не се на масата на разговори со Бугарија.

-Премиерот имаше многу јасна изјава дека темите коишто се однесуваат на нашиот идентитет, прашањето од типот на македонски јазик, македонски идентитет не дозволува да бидат ставени на масата за преговори. Но, за сите други прашања коишто значат добри меѓусоседски односи и кои можат да ни ги отворат европските врати сме подготвени да дискутираме затоа што имаме доверба во себе, во нашата држава, во нашата историја и во нашиот идентитет, рече Шекеринска.

Link with us
Game bài đổi thưởng