Шекеринска: Заразениот војник со медицинска евакуација ќе биде донесен во Скопје

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска потврди дека офицер на Армијата на Македонија кој учествува во Мисијата на ЕУ во Централно – Африканската Република (ЦАР) вечер треба да пристигне во Скопје со медицинска евакуација.

-Еден од нашите припадници на Армијата, потполковник кој учествува во европската мисија во Централно – Африканската Република, минатата недела беше тестиран за позитивен на коронавирусот, и бидејќи состојбата не беше доживеана од страна на медицинските експерти како целосно под контрола, по препорака на медицинските експерти во рамки на ЕУ мисијата, тој ќе биде со медицинска евакуација донесен дома, во Скопје, претпоставувам доцна вечерта. Оваа медицинска евакуција ја направивме во соработка со европските служби за надворешни односи, рече Шекеринска на заедничката прес-конференција со министерот за одбрна на Чешката Република Метнар.

Таа се заблагодрама на сите институции кои помогнаа во евакуацијата на припадникот на АРМ.

Министерот за здравство Венко Филипче за „Слободен печат“ изјави дека припадникот на АРМ ќе биде хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје.

Заболениот македонски офицер бил во Централно – Африканската Република во улога на обучувач на локалните воени сили, заедно со уште еден негов колега од Македонија.

Link with us
Game bài đổi thưởng