ЛАЈКА е комплетно нов стационар, уреден и опремен по сите светски стандарди, кој располага со 200 засебни апартмани обезбедени со подно греење.
Во рамките на ЛАЈКА се спроведува тестирање, вакцинирање, стерилизирање/кастрирање и чипирање на секое од кучињата.
ЛАЈКА располага со две операциони сали, оддел за интензивна нега, тријажен дел и постоперативен простор со 20 легла, салон за нега на кучињата, СОС линија, како и специјално изградениот Парк за интеракција, преку кој кучињата кои биле жртви на траума низ игра и забава добиваат прилика да стекнат навики за ресоцијализација.
Дополнително, во рамки на стационарот овозможивме и едукативен центар во кој најмладите ќе можат да добијат едукација, како и прилика за вдомување на некое од кучињата во ЛАЈКА.
Со овој проект, наша цел е ЛАЈКА да прерасне во првото место на кое ќе помислат граѓаните кои сакаат да вдомат куче,
и истовремено да се потрудиме сите здрави и способни кучиња да најдат дом кој го посакуваат, затоа што секое куче заслужува втора шанса.