ШИЛЕГОВ: И оваа година, проектот „Да растеме заедно” Ви овозможува да засадите дрво кое заедно со Вашето детенце, ќе израсне големо и силно. На дрвото ќе биде поставена плочка со името и датумот на раѓање на Вашето дете

На дрвото ќе биде поставена плочка со името и датумот на раѓање на Вашето дете, а дрвото ќе го поставиме на еден од дрворедите, парковите или плоштадите во Скопје, или на достапно место според Ваша желба.

На овој начин, заеднички градиме нови и поинакви приказни, создаваме култура на трајни вредности и традиција и истовремено придонесуваме за раззеленување на нашето Скопје во кое сите заедно живееме, растеме и созреваме.

Избраната локација, заедно со останатите податоци како и кодот запишан на оваа честитка, пријавете ги на телефонскиот број 071/395-395, каде што ќе ги добиете сите дополнителни информации во врска со овој проект.

Link with us
Game bài đổi thưởng