Шилегов: Стационарот „Лајка“ започнува со работа в среда, освен ако некој не е позитивен на Ковид-19

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, денеска најави дека стадионарот за улични кучиња „Лајка“ ќе биде отворен в среда доколку мине се во ред со тестирањето на вработените во јавното претпријатие.

– Има седум вработени таму и се надевам дека ниту еден од нив нема да биде позитивен на коронавирусот. Доколку се исполни овој услов, стационарот ќе биде отворен в среда, рече денеска градскиот градоначалник.

Започнувањето со работа на „Лајка“ се одложуваше подолго време. Двете оперативни сали за животни веќе се целосно опремени, а во подготовките беше вклучена и Агенцијата за заштита на храна и ветерина

Според последното мапирање и пребројување на кучињата скитници, во Скопје има околу 2.500 кои не се згрижени.