Шилегов: Верувам дека разумот ќе го надвладее гневот кај граѓаните

Градоначалникот Петре Шилегов во гостување на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија запрашан зошто очекува победа во вториот круг рече дека верува дека разумот ќе го надвладее гневот кај граѓаните кои во првиот круг одлучија да не гласаат.

„Јас се надевам на сојуз со граѓаните. Верувам дека овие политики кои ги креиравме во последните четири години граѓаните ги препознаваат. Се надевам дека гневот кој граѓаните го искажаа кон нас во првиот изборен круг нема да го надвладее разумот и во вториот. Бидејќи сега останаа само две опции за избор, една која влече напред и го развива овој град веќе четири години и опција која ќе го врати градот назад“ – рече градоначалникот Шилегов.

Градоначалникот истакна дека во изминатите денови добил многу пораки од граѓани кои му кажале дека сакале да го искажат својот протест но дека немале намера да се случи тоа што се случи.

„Првиот изборен круг беше сериозен излив на гнев, меѓутоа доволно се мудри и паметни нашите граѓани да знаат да ја направат разликата во вториот круг. Во изминатите неколку денови добив многу пораки од луѓе со кои што сум комуницирал, кои што велат, што направивме, не ни беше тоа намерата. И навистина има такви многу луѓе кои заслужено сакаат на тој начин да го покажат својот протест, но ни самите не веруваат дека се случи тоа што се случи. Верувам дека сите овие ќе излезат и ќе гласаат во вториот круг“ заврши Шилегов.

tải sunwin apk game sunwin sunwin

sun win

sunwin club game bài sunwin game bài sunwin

tải sunwin

sunwin