ШИЛЕГОВ: Во соработка со УНДП, како резултат на иницијативата на Град Скопје и Центарот за иновации Скопје Лаб, Скопје доби уште еден зелен сквер во центарот на градот

На локацијата кај „Млин Балкан” целосно се преуредени површините на предниот и задниот парк, претворајќи ја локацијата во совршено место за одмор, релаксација и дружба, заедно со детското игралиште во задниот парк наменето за сите деца над три години.

Овој е само уште еден од проектите водени според интересите на граѓаните и анкетите спроведени со цел да се дознае какви простори тие сакаат во нивната микро-средина, по што локацијата ја прилагодуваме според нивните потреби.

Продолжуваме да го движиме Скопје напред, позелено од кога и да е. #ЧекорПоЧекор #СкопјеЕднаПоинакваПриказна

Link with us
Game bài đổi thưởng