Aпасиев: Дали сте за продолжување на преговорите со ЕУ, со прифаќање на собраниските Заклучоци?
Лидерот на Левица и пратеник, Димитар Апасиев ја објави иницијативата за референдумското прашање кое што партијата ќе ја достави до Собранието. Тој рече дека ќе бараат задолжителен референдум согласно членот 24 и очекува граѓаните да гласаат против. Апасиев потенцира дека нема да го напаѓаат Договорот со Бугарија, ниту пак директно Францускиот предлог, туку само Заклучоците на Собранието.