Денеска во свој говор во Куманово, лажниот социјал демократ Максим Димитриевски наместо да зборува за својата програма распали по СДСМ и тоа на теми кои немаат врска со Куманово.
Практично ако се чита текстот од говорот човек не може да препознае дали е Максо или некој држи прес од говорницата на ВМРО ДПМНЕ во белата палата во Скопје.
Ова е неверојатно, Максо со ова признава дека он не се бори за Куманово и за Кумановци, дека не е социјал-демократ и дека нема врска со СДСМ, он работи за ВМРО ДПМНЕ, работи за режимот на Груевски да се врати на власт.
Со ова полека е јасно неговата улога во СДСМ, по се изгледа бил инсталиран да ја чека својата шанса да се сврти и да помогне на режимот да се врати на власт. Погледнете го неговото однесување овие година време, тој е погласен во критиките кон Заев и СДСМ од Мицковски!