ШОКАНТНО – ГЕРМАНИЈА ГО КОЧИ ВОЕНОТО НАОРУЖУВАЊЕ НА УКРАИНА, БРИТАНСКИ АВИОНИ МОРАА ДА КРУЖАТ ОКОЛУ ГЕРМАНИЈА ЗА ДА ОДНЕСАТ АНТИ ТЕНКОВСКИ РАКЕТИ ЗА УКРАИНСКАТА ВОЈСКА

Не само што Германија не учествува во помагањето на Украина да се одбрани од планираниот воен напад на Русија, туку најголемата земја членка на ЕУ спречува останатите да и помогнат на Украина?!?!

Па така овие денови, англиските воени авиони натоварени со лесно оружје претежно рачни анти тенковски гранати и ракети мораа да кружат околу воздушниот простор на Германија, да вртат преку Данска и Полска за да стигнат до Украина.

Ова е срамно однесување на Германија која цело време и помага на Русија пред се преку купување на милијарди долари руски гас наместо да се снабдува со гас од Норвешка или другите извори кои се овозможени од западните партнери.

Иако новиот премиер на Германија со тешко срце изјави дека е спремен да го прекине проектот СЕВЕРЕН ПОТОК 2 ако Русија ја нападне Украина сепак се чини најголем сојузник на Русија во ЕУ е токму Германија која мисли само на себе и своите економски интереси и не сака да и помогне на малата Украина која е малтретирана и нападната од Русија која веќе отцепи нејзини делови со помош на воена инвазија.

Додека сето ова се случува Русија продолжува да трупа војска на границата со Украина и со недели се заканува дека ќе изврши инвазија врз Украина ако НАТО не вети дека никогаш нема да се шири со нови земји на исток и ако не се повлечат НАТО војските од балтичките земји.

НАТО одби да ги исполни овие барања. Историски најголемиот непријател на Русија, Британија не само што прати оружје за Украина туку прати и војска, обучувачи кои ќе ги обучуваат Украинците како да се бранат од Русите при евентуален напад.

САД засега праќаат само техничка опрема како радари и дронови и лесно оружје, но се заканија со тешки санкции кон Русија при евентуален напад врз Украина. Но Бајден изричито кажа дека не доаѓа во предвид да прати американска војска во Украина.

НАТО по се изгледа ќе ги засили воените капацитети на своите членки во балтикот и на Црно Море. Данска веќе прати 4 авиони ф-16 во Литванија додека НАТО спрема голема воена база во Романија на Црно Море од каде со радари ќе се следат активностите на руската војска во Крим.