Во времето на социјализмот главен проблем во Југославија и во Република Македонија беше тоа што политиката, а за жал, и науката создаваа илузиии дека постои суштинска разлика меѓу самоуправниот социјализам и реалниот социјалистички систем и дека со мали дотерувања самоуправниот систем може брзо и лесно да се трансформираат во пазарна економија и демократско општество.
Раководствата на поранешните југословенски републики наместо да пристапат кон суштински реформи во економијата и општеството започнаа вината за наталижените проблеми да ја бараат во национализмот на останатите републики и спасот го бараа во создавањето на свои самостојни држави. Во тој поглед посебна улога имаше авторитарниот српски лидер Слободан Милошевиќ, кој се занесуваше со илузијата дека со растурањето на Југославија дефинитивно ќе се реши српското прашање така што би се создала држава во која би живееле сите Срби! Слични државотворни амбиции имаше и хрватскиот лидер Фрањо Туѓман. Милошевиќ и Туѓман се договараа како да ја поделат Босна и Херцеговина.
Позната е приказната за салфетката на која била нацртана мапа на поделената БиХ. Познато е исто така дека доверливиот советник на Туѓман Шариниќ во една негова изјава призна дека дваесетина пати бил во тајни посети на Белград. Словенците беа свесни за значењето на југословенскиот пазар и беа заинтересирани Југославија да се трансформира во сојуз на независни држави, меѓутоа по воведувањето на санкции од страна на Србија за увоз на словенечки стоки и Словенците решија да ја напуштат Југославија. Милошевиќ и словенечкиот лидер Милан Кучан постигнаа договор со кој Словенија и признава право на Србија на континуиттет на Југославија, а Србија и признава право на Словенија на самоопределување. За реализација на овој договор беше направена фингирана војна која најсликовито беше изразена во изјавата на еден војник на ЈНА – Овие божем сакаат да се отцепат, а ние божем не им даваме.
Случајот со Хрватска е многу покомплексен и потежок. Милошевиќ во 1992 година започна војна во Босна и Херцеговина во која животот го загубија повеќе од 200 илјади граѓани, а голем број граѓани од БиХ побегнаа во земјите од западна Европа. Оваа војна беше окончана со Дејтонскиот мировен договор во 1995 година.Во 1995 година се случи акцијата Луња со која Србите беа протерани од Хрватска. Со одлуката на меѓународната заеддница за непроменливост на промени на границите на југословенските републики пропадна договорот меѓу Милошевиќ и Туѓман за поделба на БиХ. Со Дејтонскиот мировен договор е формирана Република Српска, која не само што не е меѓународно призната, туку мошне тешко функционира како самостоен ентитет, но и како составен дел на Федерацијата БиХ.
Милошевиќ беше добар тактичар,но, исклучително лош стратег! Тој се занесуваше со илуијата дека откако ги „откачи“ Словенија и Хрватска лесно може да го реализира проекот за создавање на држава во која би живееле сите Срби! Во српската политика Милошевиќ влезе на голема врата со помош и подршка на неговиот политички ментор и пријател Иван Стамболиќ, меѓутоа кога почувствува дека Стамболиќ може да ја загрози неговата суверена позиција во Србија го ликвидира на најбрутален начин! Обидот на Милошевиќ за создавање на држава во кој би живееле сите Срби покажа дека големи државотворни проекти не можат да се реализираат без подршка и помош од моќни светски држави и државници. Милошевиќ се обиде да добие подршка од Советскиот Сојуз, односно од Русија, но, поради турбулентните настани и поради „дворските игри“ на Кремљ неговото барање не наиде на подршка. Значајно би било да се потенцира дека Милошевоќ направи голема геополитичка грешка Доколку започнеше да ги средува работите во Србија, а посбно состојбите на Косово и Метохија, (КиМ) најголем број Албанци од КиМ ќе побегнеа во земјите од западна Европа и мал број од нив ќе се вратеа.
По искуството со бегалците од БиХ, тогашната ткн.меѓународна заедница донесе одлука бегалците од КиМ привремено да се сместат во непосредна близина, како би можеле да се вратат по средувањето на состојбите во оваа поранешна југословенска покраина. Во Република Македонија беа прифатени околу 360 илјади Косовари, од кои најголем дел се вратија на Косово, но некои од нив, воглавно Роми, останаа во РМ! Договорот што беше потпишан во Куманово на 10 јуни 1999 година остана мртво слово на хартија! Без сомнение, Милошевиќ сноси најголема вина за тоа што поранешните југословенски републики“, освен Словенија и Хрватска, се најдоа во катастрофална состојба, без реални шанси во догледно време да станат членки на ЕУ!
Република Македонија имаше несреќа поради тоа што со подршка и помош на Милошевиќ за претседател на РМ беше инсталиран Глигоров со цел да го спречи осамостојувањето и признавањето на РМ! Како вазал на Милошевиќ претседателот Глигоров ги упропасти шансите на РМ за зачленување во ЕУ иако во Извештајот на Бадинтер децидно е наведено дека само РМ и Словенија ги исполнуваат условите за признавање и зачленување во ЕУ. Ја користам и оваа пригода да нагласам дека претседателот Глигоров со неговата вазалска политика кон Милошевиќи со неговиот егоцентризам и со одбивањето на понудата на истакнатиот македонски, југословенски и светски дипломат Лазар Мојсов да и помогме на РМ нанесе огромни штети на РМ и на народот! И затоа треба да сноси историска одговорност!
Коста Стоименовски, поренешен дипломат во екс Југославија
КОМЕНТАР НА МАКТЕЛ.МК:
Овие тврдења на дипломатот се контроверзни и донекаде држат вода ако се знае дека токму Глигоров договори мирно заминување на ЈНА што донекаде беше во корист на Милошевиќ да со тоа оружје ги освои Босна и делови од Хрватска, исто така Глигоров дозволи да се крши ембаргото спрема Србија со што режимот на Милошевиќ се снабдуваше со нафта и девизи од извозот на стоки преку македонски фирми, но од друга страна тие потези се во интерес и на македонија да нема жртви од нов фронт со ЈНА и од тотално уништување на македонската економија ако се почитуваше ембаргото 100 посто тоа ќе доведеше уште поголема криза иако веќе имаше 200 000 стечајци од распадот на големиот југословенски пазар па ако го изгубевме и српскиот пазар ќе беше економска катаклизма за народот…
Исто така токму Глигоров ја воведе политиката на ЕКВИ ДИСТАНЦА со што ја дистанцираше земјата од Србија но ја држеше подалеку и од Бугарија… Исто така Глигоров одбиваше да го смени името и да ги реши проблемите со Грција но и со домашните Албанцит кои ги изгубија правата кои ги имаа во земјата со уставот од 1976-та кој им дозволуваше употреба на мајчин јазик и високо образование на мајчин јазик и со тоа проблемите ги остави да вријат и ферментираат што ја дестабилизира земјата во 2001-ва. Од друга страна токму Глигоров ја поврза земјата со САД со што во земјата влегоа маринци и особено агентите на ЦИА со што земјата стана седиште на САД во битката со Милошевиќ што кулминираше со тоа од земјава да се бомбардира Србија 1999-та. Можеби поради тие потези Милошевиќ нареди атентат против Глигоров 1995-та… Можеби Глигоров се одметнал од задачите и договореното со УДБа од Белград и затоа бил казнет со обид за убиство…