ШОКАНТНО: Вељаноски барал „дупли ќотек за 27 април“, Јанакиески сите тапани на свет, а Канческа-Милевска свирчиња и труби

Во заврши зборови на судењето за обвинетите за организирањето на „27 април” обвинителката Вилма Русковска откако ги презентираше прецизирањата на обвинителниот акт и кажа дека Обвинителството докажало дека обвинетите кои седат во судница се организатори на насилството на „27 април”, цитираше и пораки кои ги праќале Трајко Вељаноски, Спиро Ристовски, Миле Јанакиески. Елизабета Канческа-Милевска…

Порака испратена од Трајко Вељаноски до пратеникот Стевананџија: „Каква е работата, се спремате ли? Важно спремни и ратоборни”, на што пратеникот враќа: „ Нема друг избор”.

„Миле Јанакиески, според пораките кои ги цитираше Русковска, барал актерот Владо Јовановски да се обезбеди да држи говор, а барал и други уметници.
„Трајко Вељаноски во порака испратена до Оливер Шамбоски му вели, нема Влада, со жив ѕид ќе спречиме ако треба. Е па, еве го живиот ѕид. Вељаноски праќал и пораки со содржина „ќотекот да биде дупли“ и беше така, сите тоа го видовме, на сите медиуми”, рече Русковска во завршен збор, цитирајќи ги пораките.

Според содржината на пораките кои ги цитираше Русковска, Јанакиески укажува дека за во Куманово откажале многу говорници и вели дека ќе притискаат, мора, нема сакам не сакам и мора да се оди на протест, а барал и тапани кои ќе удираат јако.

Јанакиески испратил порака со содржина: „ Собери ги сите тапани на свет, многу ни требаат денеска”, а Канческа-Милевска праќа порака во која барала свирчиња и труби.

Ристовски, според Обвинителството го барал и сега починатиот актер Ванчо Петрушевски да дошол и да бидел избрифиран.

Имало и порака во која велат дека „Села може да е веќе аут”, а Мукоски пратил порака со содржина: „Мора малку да е тензично надвор за да се префрли фокусот таму, оти овде внатре е тензично и има камери”.

„Не може да се каже дека обвинетите биле изманипулирани, но тие се фрлиле на една карта, да се спречи изборот на претседател на Собранието. Материјалните докази, пораките кои биле испратени и врз кои беше направената форензичка анализа, покажаа дека обвинетите се сторители на кривичните дела. Обвинетите Спиро Ристовски и Миле Јанакиески не само што ги организирале протестите, туку во организацијата учествувале и општински и месни комитети. На 27 април , 2017 година Вељаноски испратил пораки дека ако треба да се бира претседател, да се испратат пратеници пред неговиот Кабинет да го бранат. Зошто да го бранат судија? Се се знаело почитуван суд, се било однапред испланирано, но не се знаел само датумот. Сите видовме ќотек и насилство”, рече Русковска во завршен збор.

Link with us
Game bài đổi thưởng