ШОКАНТНО: ВМРО ДПМНЕ ПО ВЕЛИГДЕН СПРЕМА ГОЛЕМИ ПРОТЕСТИ ПОРАДИ ЗАПЛЕНАТА НА ИМОТОТ НА МИЈАЛКОВ И ГРУЕВСКИ, СЛОГАНОТ ЌЕ БИЛ – НЕМА МЕРИОТ, НЕМА МИР

Мактел од извори во ВМРО ДПМНЕ дознава дека партијата се спрема за огромни протести веднаш по празниците, значи одма после утре сабајле. Причина за протестите ќе била заплената на 30 милиони имот на Мијалков и Груевски.

Слоганот на протестите ќе бил НЕМА МЕРИОТ НЕМА МИР!!!

– Ова не е фер сироти луѓе, се мачеле краделе, 12 години диктатура, тоа не е лесно, треба човек добро да го испоти газот за тоа да се направи и сега некој сето тоа да им го земе?! Па тоа е сурово, луѓето се научиле на многу пари, како сега ќе возат шкода на пример кога се навикнале на мерцедес, ауди и тоа 8-мица, порше, масерати итн итн? Плус облека, сега ќе треба да се облачаат како сите нас обични смртници а тоа е на попуст во Зара да чекаат ред, за чевли да идат во стара чаршија да најдат на попуст турски чевли за 2000 денара, па тоа живот ли е?! Нема да имаат сега шофери, бодигарди, слуги, ќе треба сами да возат, сами да пуштаат машина за прање, па ова е суровост каква немало во Аушвиц за време на холокаустот врз Евреите?!?! – со солзи и мрсули ни раскажува еден висок функционер во ВМРО ДПМНЕ.

– Ќе протестираме и со глад пред основен суд и пред владата се додека на овие сироти луѓе не им се вратат милионите, хотелите, плацевите и зградите! НЕМА МЕРИОТ НЕМА МИР!! – се запали небањатиот од ВМРО ДПМНЕ.