ШОКАНТНО – ЗОШТО АРСОВСКА КРИЕ ДЕКА БИЛА МЕНАЏЕР НА ФИРМА ЗА ПРОДАЖБА НА АВТОБУСИ?!?!

„Jавноста има право да знае каква менаџерка била Данела Арсовска и дали досега работела за доброто на Скопје и скопјани“, укажува Градската организација на СДСМ, на денешната прес конференција.

СДСМ потсетува што се обидува да скрие Арсовска од нејзината биографија што ја сподели на својата веб-страница: „Арсовска се обиде да скрие дека била катастрофален менаџер на скопската сала Расадник, изградена со самопридонес на скопјани, а ја зела под закуп на 25 години за само илјада евра месечно кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. Арсовска се обиде да ги скрие семејните фирми со седиште на сала Расадник, кои профитирале, додека салата тонела во долгови, се крадела струја во неа, и се упропастувала како спортски објект. Арсовска се обиде да го скрие од јавноста и нејзиното моминско презиме Јовановска, за да не се открие нејзиниот непотизам и поврзаноста на нејзините семејни фирми од сала Расадник со хотелите „Империјал“ и „Ројал“. Унгарската конзулка Арсовска се обиде да скрие и дека има бугарско државјанство и бугарска лична карта и дека поврзана со бугарски капитал во Македонија.“

На денешната прес-конференција СДСМ откри и други скриени моменти од менаџерската биографија на Арсовска: https://www.facebook.com/GradskaOrganizacijaNaSDSM/videos/564469654816347/

„Зошто Арсовска, која ветува 250 нови автобуси, не кажува во биографијата дека била менаџер на фирма која се занимавала токму со продажба на автобуси во Македонија?“, прашува СДСМ, обелоденувајќи докази дека Арсовска ја менаџирала фирмата „ТЕМ МК“, која во 2008 се занимавала со продажба на автобуси и нудела за продажба турски автобуси во Македонија. Според обелоденетите документи, „ТЕМ МК“ била семејната фирма која се трансформирала во „Ројал Груп“ со седиште во сала Расадник и во обете фирми биле сопственици Арсовска и татко и.

СДСМ Скопје укажува дека во целиот тек од кампањата, кога ветува 250 нови еко-автобуси, Арсовска промовира и рекламира еден од најскапите кинески електрични автобуси од 18 метри, од кинеската фирма BYD, без воопшто да каже колку чини кинескиот автобус: „Арсовска рекламира кинески автобуси, а „Македонска кинеска стопанска комора“ се наоѓа на иста адреса со организации и фирми поврзани со неа и нејзиниот татко.“

СДСМ Скопје обелодени документи дека на иста адреса – Рилски конгрес бр. 112 – се наоѓа и „Македонска кинеска стопанска комора“ и Сојуз на организации на работодавачи на Македонија (каде што Арсовска се јавува како овластено лице за застапување) и подружница на семејната фирма „Ројал груп“ од „Расадник“ и имотен лист од објектот кој е во сопственост на таткото на Арсовска.

СДСМ Скопје тврди дека „покрај семејните фирми во сала „Расадник“ и на „Благоја Гојан 24“, „Рилски конгрес бр. 112“ е трета адреса каде што допираат пипците од семејниот бизнис октопод“.

На крајот од прес-конференцијата СДСМ Скопје укажува дека јавноста има право да знае: „Дали Арсовска била успешен или неуспешен менаџер на фирма за продажба на автобуси во 2008? Дали нејзиното рекламирање на електрични кинески автобуси во кампањата има врска со „Македонска кинеска стопанска комора“, која е на иста адреса со нејзини приватни и семејни правни лица? До кога Арсовска ќе бега од новинари и ќе ги крие пипците на семејниот бизнис „октопод“ кој ја упропастил скопската сала „Расадник“ – изградена од град Скопје со пари на скопјани?“

Градска организација на СДСМ

sunwin

sunwin

sunwin club game bài sunwin sunwin apk

game sunwin sunwin web sunwin

sun win