Пациент со јака градна болка, со претходна дијагноза за канцер на бели дробови, итно е внесен во ангиографска сала.
Поради тешката општа состојба(карцинозата), во најбрзо време е извршена една од најсложените интервентни кардиолошки процедури, “CULLOTE TECHNIGUE” (стент низ стент), на две коронарни артерии.
Пациентот во подобрена општа состојба, без градна болка, е оставен во рацете на стручниот медицински персонал од Кардиолошкото одделение.