11.8 C
Скопје
20/04/2024 00:40
МАКТЕЛ

  

     

 

Што значи мобилизацијата за Русија – крај на пазарењето на Путин со народот

      

   

Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин објави „делумна мобилизација” со цел да ја зајакне неговата ненадејна војна против Украина. Сепак, преправањето дека има нешто делумно во овој потег е исто толку убедливо како и тврдењето на Путин дека Русија само спроведува „специјална воена операција” во Украина. По најавата на Путин, министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека ќе бидат повикани 300.000 мажи со воена обука и искуство. Но, некои извештаи покажуваат дека тоа не е бројката наведена во официјалните документи со кои се одобрува мобилизацијата, а деловите од указот на Путин што беа објавени во јавноста не вклучуваат никакви ограничувања за овластувањето на Министерството за одбрана да повикува луѓе. Според некои извештаи, околу еден милион мажи би можеле да бидат регрутирани, а некои воени комесаријати веќе се чини дека неселективно подготвуваат мажи.

 

Регрутирањето претставува драматичен пресврт во војната и во владеењето на Путин. Кремљ очекуваше војната да биде кратка. Кога тоа не заврши брзо, Путин најде начин да ја води на начин кој во согласност со политичкиот стил што го применува од доаѓањето на власт во 2000 година. Неколкуте Руси кои беа воодушевени од империјалните ветувања на војната можеа да го веат знамето и да ја истакнат буквата „z”, официјалниот симбол на војната. Оние кои беа исплашени или вознемирени од војната можеа тивко да се кријат во неизвесноста. Оние што искажуваа незадоволство во јавноста секогаш беа казнети: илјадници беа уапсени затоа што маршираа или држеа натписи на кои, меѓу другото, пишува („не за војна”) или фразата „два збора”, еуфемизам за „не за војна”. Никој не можеше да излезе против власта или да искаже несогласување во јавната сфера. Секое организирање против војната беше строго забрането, а прекршителите беа строго казнети.

   

     

Овој одговор не беше фашизам, и покрај вообичаената примена на тој термин за да се опише владеењето на Путин. Тоа беше зачувување на атомизирано и попустливо општество кое беше безбедно аполитично и кое нема да ги наруши активностите на Кремљ. За оваа состојба да продолжи и понатаму, војната мораше да остане далеку. Тоа мораше да биде променлива апстракција врз која би можеле да се проектираат субјективните ставови на Русите, без разлика дали тие биле провоени или антивоени. Податоците од анкетите покажуваат дека, пред мобилизацијата, војната имаше поддршката од повеќе од 75 отсто од Русите. Таквото прифаќање беше најдобриот можен јавен одговор од гледна точка на Кремљ. Рамнодушноста беше на второ место.

Но, војната не одеше според планираното, а Путин остана без опции. Доколку Путин се повлече, Украина ќе ја зголеми воената сила и дополнително ќе се интегрира во европските и трансатлантските институции, исход што би ја направил војната совршено контрапродуктивна и затоа неприфатлива за Путин; тоа би бил руски пораз. Во исто време, Русија не може да ја добие војната со инструментите што ги има во моментов. Тоа беше докажано на 10 септември, кога украинските сили повторно зазедоа огромни територии. Руската војска е исцрпена и е премала за да ја задржи целата земја што ја зазеде од февруари. Без промена на статус квото, Украина најверојатно ќе продолжи да остварува дополнителни придобивки, можеби дури и ќе продолжи кон Крим, територијата што Русија ја анектираше во 2014 година и која е тесно поврзана со наследството на Путин.

Русија имаше многу неуспеси во Украина, но не е поразена земја. Има богатство и население и индустриски капацитети да ја одржува војната – но само ако се мобилизира. Се нагласува дека повикувањето на мобилизација е многу поедноставно отколку нејзиното спроведување, нешто што Русија не го направила со децении. Дури и ако војската може да ја подобри логистиката – а искуството од првите денови сугерира дека веројатноста за тоа е мала – мобилизацијата ќе биде добра само толку колку што е стратегијата зад неа. Мобилизација заради губитничка стратегија ќе му создаде повеќе проблеми на Путин отколку што ќе реши. Тоа дури може да ја поткопа способноста на Путин да владее.

Во најмала рака, мобилизацијата ќе ја врати политиката во Русија. Ќе ја изеде јавната рамнодушност која долго време беше клучна за путинизмот. Русија веќе беше сведок на бран протести како одговор на минатонеделната најава на Путин, а огромен број Руси кои ги исполнуваа условите за мобилизација се упатија кон границите веднаш откако Путин го објави планот. Политичкиот притисок ќе дојде до Кремљ не само од противниците на војната, туку и од оние кои се вознемирени од запрепастувачката неспособност на војската и навидум недостатокот на решителност. Првата група речиси и да нема политичка моќ. Втората, сепак, има потенцијал да се претвори во предизвик за Путин. Во изминатата недела, некои од најжестоките поддржувачи на Путин и војната изразија загриженост дека кампањата за мобилизација изгледа лошо испланирана.

За да се избегне тој ризик за моќта на Путин и заканата од голем отпор, Кремљ ќе мора да го репресира руското население многу повеќе отколку што правеше претходно. Според ОВД-Инфо, руска организација за човекови права, над 2.300 антивоени демонстранти биле приведени низ Русија за пет дена по објавувањето на мобилизацијата. Но, репресијата може да заземе хаотичен моментум сам по себе. Тоа може да генерира згрозеност и бес. Зголемената репресија во време на хаотичната мобилизација веќе предизвика немири на некои места, вклучително и палење на мобилизациските пунктови. Ваквите инциденти би можеле да се намножат и да станат тешки за управување за руската влада.

Меѓутоа, наместо да очекува револуција или пуч во палатата, светот треба да се подготви за долга војна во Украина. Репресијата нема нужно да ја забрза или поедностави мобилизацијата, но ќе ги држи улиците тивки и ќе му овозможи на Путин да продолжи со својата агресија.

ВОЈНАТА ДОАЃА ДОМА

Одлуката на Путин да ја нападне Украина во февруари запрепасти голем дел од руското население. Имаше повеќемесечно зголемување на силите во пограничните региони, а до јануари, стана јасно дека нешто се подготвува. Сепак, не изгледаше дека мнозинството Руси сакаа нивната земја да води војна против соседот кој очигледно немаше намера да ја нападне Русија. Војната не беше посакувана. Но, сепак, далеку од тоа дека беше непопуларна.

Војната ѝ служи на примарната надворешнополитичка цел што Путин ја спроведува повеќе од две децении: потврдување на рускиот суверенитет (како што тој го гледа), особено на териториите на поранешниот Советски Сојуз. И ниту една од тие територии не е посуштинска од Украина. Рускиот суверенитет не мора да значи воена акција или колонизација на Украина. Но, тоа бара задржување на Украина во сферата на влијание на Русија. Русија би сакала да ги напише правилата во Украина, по можност од дистанца, како што се обиде да направи пред револуцијата Мајдан од 2013-2014 година. На овој или оној начин, Москва сака да биде одлучувачкиот глас за украинските прашања што Путин ги смета за суштински за Русија.

Војната од 2022 година е популарна како израз на рускиот суверенитет. Поддржувачите тоа го гледаат како одбранбена војна против непријателскиот Запад кој дошол до границите на Русија, заканувајќи се дека ќе ја уништи. Тие, исто така, го гледаат како војна против „нацистичките” украински националистички сили кои ги загрозуваат Русите и граѓаните на Украина кои зборуваат руски. Ваквите убедувања не беа ограничени на крајната десница или на екстремните националисти во Русија; тие се широко распространети. Според ова мислење, Западот ја пречекоррил линијата во Украина. Ги игнорираше руските интереси. Соединетите Американски Држави особено ја нарушија руската гордост со преземање голема улога во Украина: се чини дека Вашингтон не беше задоволен со доминацијата на поголемиот дел од Европа, па мораше да доминира со цела Европа. Овој наводен американски став му дозволи на Кремљ да ја оквалификува војната во Украина како добра војна. Во првите седум месеци, Кремљ најмногу бараше од Русите да ја поддржат нивната земја во војната, а огромното мнозинство Руси се согласи. Тоа беше доволно.

И, за разлика од советско време, засега постои вентил за ослободување од какво било несогласување: можност за напуштање на Русија. Неколку стотици илјади Руси го направија токму тоа во пресрет на инвазијата. Земајќи ги со себе своите антивоени чувства, тие ја напуштија Русија од професионални причини, од морални причини и од страв од тоа што војната може да ѝ направи на Русија. Тие што заминаа беа речиси сите образовани професионалци од урбаните центри. Имаа ресурси да заминат: пари, вештини, странски контакти. Некои од нив, сепак, на крајот морале да се вратат бидејќи останале без работа и пари.

Надвор од Русија можеа да кажат и да пишуваат што сакаат. Тие можеа да бидат жестоко против војната. Меѓутоа, со заминувањето, тие повеќе не беа политички присутни во Русија. Кремљ лесно може да ги отфрли нивните критики како непатриотски. Тоа беше елегантно решение за проблемот со популарноста на војната. Кремљ не мораше да произведува согласност толку многу колку што требаше да ја менаџира и одржува. Несогласувањето беше казнувано – но потенцијалните неистомисленици едноставно можеа самите да се тргнат и повлечат од политичката сцена.

Путиновата „цака” беше бариерата што тој ја изгради меѓу војната и секојдневниот живот. За огромното мнозинство Руси, војната во Украина остана апстракција, слична на реално ТВ-шоу. Во текот на летото, повеќето Руси можеа да продолжат да уживаат во убавото време и во рутините на цивилниот живот. Совршена илустрација на оваа динамика беше прославата на Денот на Москва на 10 септември, што се одржа како во време на мир. А зошто да не? Москва беше во мир. Зошто да не се забавувате? Путин се појави во јавноста, отворајќи огромно панорамско тркало, најголемо во Европа, за уживање на московјаните. Но, војната ги прекрши условите на овој смирувачки наратив. Додека Путин се смееше и Москва славеше, руските сили претрпеа огромен и понижувачки пораз околу Харков во Украина. (И панорамското тркало се расипа речиси веднаш штом почна да работи.)

НЕПРИЈАТЕЛИ ВНАТРЕ?

Путин сега се соочува со временски рок. Тој не може брзо да ја добие војната и можеби воопшто не е способен да ја добие. Можеби ќе може да маневрира кон исходот што тој и неговата земја можат да го прифатат, но тоа би бил повеќегодишен проект. За обичните Руси, тоа време ќе биде обележано со болка, загуба и страдање. Војната ќе ги задуши задоволствата на мирот и ќе го намали јавниот ентузијазам. Во овој поглед, Путин може да има корист од проучувањето на историјата на советската војна во Авганистан. Самата војна не предизвика пад на Советскиот Сојуз, но како што се повеќе семејства гледаа како нивните синови ги враќаа во мртовечки вреќи, свесноста за загубите предизвика незадоволство. Војната го уништи легитимитетот на владата. Заедно со многу други катализатори, го забрза падот на Советскиот Сојуз.

Мобилизацијата значително ќе му го отежне движењето на Путин низ домашниот пејзаж. Водел многу војни како претседател на Русија, но никогаш не бил воен претседател. Тој ќе мора да присили стотици илјади млади мажи да облечат униформа. Општите морални проблеми поврзани со регрутите ќе се вкрстат со специфичните морални проблеми со кои се соочува руската војска во Украина: лоша организација, слаба ефикансост, големи загуби и исцрпеност.

Путин ќе мора да го мобилизира и јавното мислење. На Русите повеќе нема да им биде дозволено да се држат на дистанца од државата, давајќи ѝ неказнивост и добивајќи приватност за возврат. Путин ги прекрши условите на неговиот договор со народот. Од нив ќе се бара да покажат ентузијазам за војната. Поттикнување на поддршката за војната и дестимулирање на противењето ќе бидат владини проекти. Кремљ нема да ѝ пристапи на таа задача со лесно и ќе ја стави на тест идеолошката искреност на Путин. Состојките што ја сочинуваа руската политичка култура за време на ерата на Путин – комплексен спој на советски, постсоветски, царски руски и модерни руски елементи – ќе треба да се заменат со погруб, поочигледен руски џингоизам. Во меѓувреме, сè поголем број ќе се обидат да заминат од земјата, да ја избегнат воената служба или да ја напуштат војската.

Мобилизацијата ќе повлече сузбивање на емиграцијата. Пред крајот на септември, веројатно е дека границите ќе се затворат за оние што ги исполнуваат условите за мобилизација. Антивоените Руси и оние кои претходно мислеа дека можат да ја игнорираат војната, ќе бидат заглавени дома. Владата ќе употреби закани или насилство за да го принуди нивниот молк. Нервозната влада ќе мора да се бори со евентуално запаливата, иако неорганизирана, сила на протест. Кремљ можеби ќе треба да отвори и други фронтови на репресија, насочени кон националистичките кругови кои со месеци повикуваат на мобилизација и кои можат да се смират само со победи на бојното поле, кои мобилизацијата можеби нема да ги постигне. Некои од овие подбуцнувачи на војна се истакнати политички фигури. Путин можеби ќе треба да ги потиснува не само уличните протести и опозициските движења, туку и кадрите кои би можеле да бидат подготвени да размислуваат за негово отстранување од власт.

НЕМА ВРАЌАЊЕ НАЗАД

Планирање на функционален исход во Украина веројатно е надвор од разбирањето на Путин во овој момент. Украинската војска е премногу силна за владата во Киев да направи отстапки за Москва, дури и ако сака да преговара за крај на борбите. Војната беше премногу брутална за Украинците да простат и заборават.

Сепак, Путин исто така нема да отстапи. Ќе бара начини да ја продолжи војната, што за него никако не е невозможно. Мобилизацијата ќе му овозможи да воведе нови војници во војната и можеби да организира ненадејни напади. Тој може да ги одложи најлошите последици од катастрофалната војна, иако неорганизираната мобилизација може да заврши со оптоварување на руската војска. Колку е подолга војната, толку е поголема веројатноста дека економскиот колапс во Украина или политичките промени во Европа или во САД би можеле да отворат можности за Русија. Тоа е мрачна стратегија и на многу начини стратегија со мала веројатност, но тоа е стратегија пропорционална на можностите на Русија.

Наглото засилување на репресијата е тешко за авторитарните режими. Постои мистериозна точка во која зголемената репресија генерира зголемени немири и непозната точка во која започнува револуцијата. Меѓутоа, Путин е студент на руската историја и разбира дека руската тенденција за револуција не доаѓа кога државата има моќ, туку кога ја отстапува моќта. Цар Николај Втори абдицирал за време на Првата светска војна, откако започнал војна против Јапонија која ја ослабнала руската империја. Привремената влада што следеше немаше сила или волја да ја спречи болшевичката револуција. Советскиот лидер Михаил Горбачов е појасен пример за Путин. Горбачов не ја негираше советската заостанатост. Тој призна одредени грешки и се повлече од Авганистан. Преку гласност и перестројка им ја пренесе власта на народите на Советскиот Сојуз. Но, олабавувањето на контролата на Комунистичката партија предизвика револуција која го собори режимот. На Советскиот Сојуз му недостасуваше кохезија и волја да се одржи во живот. Путин нема да ја направи таа грешка. Наместо тоа, тој ќе се сврти кон примерите на царевите Николај I и Александар III, и на советските водачи Јосиф Сталин, Никита Хрушчов и Леонид Брежњев, кои можеа да ги потиснат несогласувањта дома, да ги задржат своите поданици во ред и жестоко да ги следат линиските политики без да се дозволи несогласувањето да се кристализира во значајни движења.

Путин има на располагање огромна архитектура на репресија. Бројни медиуми служат како гласноговорници на владата во последните две децении. И од почетокот на војната во Украина, преостанатите невладини медиуми се затворени или принудени да ја напуштат Русија. Самиот Путин дојде од безбедносните служби, како и многу негови колеги во Кремљ. Тој ги има сите потребни ресурси за да ја трансформира Русија во брутална полициска држава, многу порепресивна отколку што е во моментов. Тоа нема да му донесе искрена поддршка за војната, а можеби ниту предност во војувањето. Но, тоа ќе му даде начин да ги собере Русите во воените напори и строго да го казни секој што ќе му застане на патот. Во водењето на неговата војна дома, тој ќе биде немилосрден./

Фото: ЕПА

    

Најново

АЏИБАДЕМ СИСТИНА НАЈПОСАКУВАНА РАБОТНА СРЕДИНА МЕЃУ БОЛНИЦИТЕ

Sase Ivanovski

Пендаровски: На 8 мај двојна победа за сите нас и за Македонија

Sase Ivanovski

Лукаревска од Штип: СДСМ не е создаден за поделби, за кавги, за лаги и навреди,  СДСМ е од граѓаните за граѓаните, СДСМ е избор на секој далековид човек

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: Секој ден се будам во 6 сабајле, нема ден да сум промашил со децении

Sase Ivanovski

Пендаровски од Шуто Оризари: Македонија ќе оди напред само ако подеднакво ги вреднува сите етнички заедници 

Sase Ivanovski

МФ: Нема незаконитост во одлуките на МФ, се поништува одлуката на ДИК и се враќа на повторно одлучување

Sase Ivanovski

Маричиќ: Ја имаме најголемата шанса за влез во ЕУ до сега

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: СО ЗАЕВ НЕ ПОВРЗА ХУМАНОСТА, ТОА ПРИЈАТЕЛСТВО ЌЕ ТРАЕ ДО КРАЈ НА ЖИВОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ВЕНКО ФИЛИПЧЕ: ОТСЕКОГАШ МЕ ФАСЦИНИРАЛ ЦЕНТРАЛНИОТ НЕРВЕН СИСТЕМ, НЕМА НЕШТО ТОЛКУ СОВРШЕНО ВО СВЕТОТ

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: КОГА БЕВ СТУДЕНТ ПЕРЕВ КОЛИ ВО ПЕРАЛНА

Sase Ivanovski

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ 11 години од специјализантите правеше социјални случаи, СДСМ го плати нивниот труд

Sase Ivanovski

Мисајловски: Собранието да има 90 пратеници и да се укине балансерот при вработувањето

Sase Ivanovski

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост 

Sase Ivanovski

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија ѝ е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Sase Ivanovski

Караванот на Државна изборна комисија „ТИ СИ НА РЕД“ ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Sase Ivanovski

Таравари: Ќе се погрижам од Уставот да се елиминира навредливата дефиниција на албанскиот јазик

Sase Ivanovski

Стевчо Јакимовски: Македонија не смее да води еднонасочни политики

Sase Ivanovski

Вучиќ за коспонзорството на резолуцијата за Сребреница: Претпоставувм дека тоа е благодарност за она што го направивме за Скопје

Sase Ivanovski

Kовачевски: 30.000 просечна пензија за достоинствен живот на пензионерите

Sase Ivanovski

БОШЊАЦИТЕ МУ ПОДНЕСОА КРИВИЧНА НА СТОИЉКОВИЌ: Велат го исмевал и негирал геноцидот во Сребреница

Sase Ivanovski

Европски фронт: ВМРО формира сојуз со проруски и антиалбански партии

Sase Ivanovski

Спасовски од Куманово: Да ја зачуваме слободата и демократијата и да ја трасираме иднината!

Sase Ivanovski

Зеленски: Способностите на украинските копнени сили ќе бидат ограничени се додека Русија има предност во воздухот

Sase Ivanovski

Амирабдолахиан: Израелските дронови не предизвикаа штета или жртви во Исфахан

Sase Ivanovski

Бугарски тениски судија доживотно суспендиран

Sase Ivanovski

Орбан: Западот е на чекор од испраќање воени единици во Украина, Брисел си игра со оган

Sase Ivanovski

Странски агенции: Одлуката на Уставниот суд му го блокира патот на Милановиќ да формира влада

Sase Ivanovski

Во Бања Лука митинг „Српска те вика“, реакција на иницијатата за усвојување на Резолуцијата за Сребреница во ОН

Sase Ivanovski

Зошто возрасните треба да читаат детски книги? 

Sase Ivanovski

Меџити: Коалицијата ВЛЕН е по барање на народот, а коалицијата на ДУИ со Мендух Тачи и останатите, е коалиција од зорт

Sase Ivanovski

Османи: Покрај државниот консензус за ЕУ, мора да има и економски државен консензус

Sase Ivanovski

Ако го ставеа Усеин зад решетки по пријавата, смртта на Танкица ќе се спречеше, вели нејзина блиска пријателка

Sase Ivanovski

Создаваме винска приказна преку скриените вкусови во грозјето

Sase Ivanovski

ЈАНЧЕВ: Во „Регионалниот центар за згрижување на бездомни миленици и ветеринарно здравство во Вардарскиот плански регион – ШЕПА“ ќе се згрижуваат и третираат бездомните кучиња од сите девет општини во регионот

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ИНВЕСТИЦИЈА ОД 100 000 ЕВРА ВО КАВАДАРЦИ, ДЕЛ ДОНАЦИИ ОД ФИРМИ: Интервентен центар за привремено згрижување на лица со социјален ризик

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЦЕЛО КАВАДАРЦИ СЛАВИ: ГФК ТИКВЕШ СЕ ПЛАСИРАШЕ ВО ФИНАЛЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ КУП

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ГФК ТИКВЕШ ГИ ОБЕДИНИ ВМРО ДПМНЕ И СДСМ ВО КАВАДАРЦИ ПО ГОЛЕМИОТ УСПЕХ ДА СЕ ПЛАСИРААТ ВО ФИНАЛЕТО НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЈАНЧЕВ: Општина Кавадарци во изминатите 7 години континуирано инвестира во подобрување на јавното улично осветлување

Sase Ivanovski

Димитриевски денеска од Ѓорче Петров порача: Плагијатите што ги прават се потврда дека ЗНАМ нуди вистински решенија за состојбите во Македонија

Sase Ivanovski

Турскиот министер за надворешни работи, Фидан: Нетанјаху се обидува да го вовлече регионот во војна за да обезбеди моќ

Sase Ivanovski

Дроновите камикази се закана која може да ги банкротира западните војски

Sase Ivanovski

Пеци: Зачленувањето на Косово во СЕ ќе се одложи ако не започне процесот за формирање на ЗСО

Sase Ivanovski

Руски напад на Чернигов, осум мртви

Sase Ivanovski

Милановиќ: Мора да се почитува волјата на мнозинството, ова е подготовка за државен удар

Sase Ivanovski

Киев: Русија планира операција под „лажно знаме“ во нуклеарката Запорожје

Sase Ivanovski

Јапонија го наполни со гориво најголемиот нуклеарен реактор во светот

Sase Ivanovski

Кризен состанок НАТО-Зеленски: Сојузниците од Алијансата ќе испратат во Украина повеќе ПВО системи

Sase Ivanovski

Мадиќ: Го заштитивме идентитетот, македонскиот јазик и културата, да го отвориме Уставот за да почнеме со европската агенда

Sase Ivanovski

Туск: Полска ќе се вклучи во ПВО системот „Европски небесен штит

Sase Ivanovski

Мадиќ: Без да се отвори Уставот нема евроинтеграции и напредок во државата

Sase Ivanovski

Гутереш: Крајно време е да запрат одмаздите на Блискиот Исток

Sase Ivanovski

Бомбардерите на американските воздухопловни сили со долг дострел Б-52 од 20-та ескадрила извршија слетување на цивилен аеродром како дел од вежбата „Bayou Vigilance“ на 12 април 2024 година

Sase Ivanovski

Лидерот на СДП за одлуката на хрватскиот Уставен суд дека хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, не може да добие ниту мандат за составување влада, а не пак да биде премиер: Ова е срамно, недозволиво, нема да мине

Sase Ivanovski

ДКСК пресече во корист на Давкова, АСЈО треба да ја стави во мирување постапката за прием на слушатели

Sase Ivanovski

Јулија и Алексеј Навални ја добија наградата за слобода на медиумите во Германија

Sase Ivanovski

Тошковски: СВР Охрид е спремен за справување со безбедносните предизвици кои ги носат изборите

Sase Ivanovski

Курти: Србија е закана за регионот, нивната војска изведува вежби со дронови-камикази близу Косово и Црна Гора

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) НЕВРЕМЕТО ВО ЕМИРАТИ ПРЕДИЗВИКА КАТАКЛИЗМА

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЕДЕН ДЕН ОТКАКО МИЦКОВСКИ ПОНУДИ ПРИМИРЈЕ СО ЛЕВИЦА И ЗНАМ, МАЛЧЕСКИ И ЗЛАТЕВ РАСПАЛИЈА ЖЕСТОКО ПО ЛЕВИЦА

Sase Ivanovski

Лавров: И да почне преговори со Украина, Русија нема да прави паузи во борбите

Sase Ivanovski

Костадиновска-Стојчевска: Вработените во културата ја добија мартовската плата покачена за 12 проценти

Sase Ivanovski

Ибрамоски и Глигорова во Битола на потпишување на петицијата „СТОП за извршителите и брзите кредити“

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ЗЛАТЕВ: МОРА ДА СЕ ПРИЗНАЕ, СТЕВО Е УБАВ ЧОВЕК

Sase Ivanovski

НА ПОЛСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ДУДА МУ ТРЕБАА 2,5 ЧАСА ДА ГО УБЕДИ ТРАМП НА СРЕДБА ВО ЊУЈОРК ДА ЈА ОТКОЧИ ПОМОШТА ЗА УКРАИНА КОЈА СО МЕСЕЦИ Е ЗАГЛАВЕНА ВО КОНГРЕСОТ

Sase Ivanovski

УКРАИНА МОЖЕ ЌЕ СЕ СПАСИ: СЕ ОДГЛАВИ ПАКЕТОТ ОД 60 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ВО АМЕРИКАНСКИОТ КОНГРЕС, СЕ ОЧЕКУВА ДА СЕ ИЗГЛАСА СЛЕДНИТЕ НЕКОЛКУ ДЕНОВИ

Sase Ivanovski

Кон „Време на бетон“ на Игор Иванов Изи: Од брутализам до брутална урбана катаклизма на Скопје

Sase Ivanovski

Ангеловска-Бежоска: Доколку не се остварат ризиците, олабавување на монетарната политика ќе има во втората половина од годинава

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) Украинската војска тврди дека соборила руски бомбардер, Москва вели дека станува збор за технички дефект

Sase Ivanovski

Маричиќ на средба со пензионерка од Карпош: Како што растат внуците, така нека растат и пензиите

Sase Ivanovski

СОНК контра МОН: Од кога неработните денови стануваат работни за училиштата?

Sase Ivanovski

Влатко Стефановски пишува автобиографија!

Sase Ivanovski

Битиќи: Просечната пензија ќе ја зголемиме на 30.000 денари

Sase Ivanovski

Да придонесеме за поголема безбедност на децата во сообраќајот

Sase Ivanovski

Трошановски: Првиот чекор во борбата против корупција е судството да се ослободи од партиски влијанија

Sase Ivanovski

Димитриевски ја прифаќа идејата на Мицкоски за национално единство, Апасиев е контра

Sase Ivanovski

Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Не знаат што напишале во програмата, Сиљановска би требало да знае – Врховен командат е претседателот!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: На Давкова нека и служи на чест! Нејзиниот сопруг го кршеше ембаргото со Србија и правеше 1 милион марки на ден!

Sase Ivanovski

(ВИДЕО) ПЕНДАРОВСКИ: Мицкоски зборува чист бугарски јазик!

Sase Ivanovski

Регрес од 3.000 до 6.000 денари во грејната сезона за пензионерите, вети Филипче од Струмица

Sase Ivanovski
Вчитувам....