ШУЛЦ ПОВЛЕЧЕ СЕРИОЗЕН ПОТЕГ – Германија го запре гасоводот Северен тек 2

Германската влада одлучи да го запре процесот на одобрување на гасоводот кој требаше да пренесува гас од Русија. Канцеларот Шолц рече дека тоа е одговор на агресијата на Владимир Путин.

Во првата директна санкција за Русија поради агресијата врз Украина, германската влада одлучи да го запре проектот Северен тек 2- гасоводот кој требаше да пренесува гас преку Балтичкото Море до Европа.

Канцеларот Олаф Шолц рече дека одлуката е реакција на признавањето на независноста на двата сепаратистички региони во Украина од страна на рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи ја истата како „сериозно нарушување на меѓународното право“.

„Сега останува на меѓународната заедница да реагира на оваа еднострана, несфатлива и неоправдана акција на рускиот претседател“, рече Шолц, додавајќи дека е неопходно „да ѝ се испрати јасен сигнал на Москва дека таквите потези нема да минат без последици“.

Промена на ставот на Берлин

Одлуката е значаен чекор за германската влада која долго одбиваше да го запре проектот и покрај притисокот од САД и други европски земји.

Вашингтон со години тврди дека изградбата на уште еден гасовод за пренесување на рускиот гас кон Европа ја зголемува зависноста на Европа од руските енергенси.

„Ситуацијата сега е фундаментално различна“, изјави Шолц, објаснувајќи дека владата одлучила да го повлече документот за гасоводот.

Германија задоволува околу една четвртина од своите енергетски потреби со природен гас, но зависноста ќе се зголемува во следните години поради затворањето на нуклеарните централи и преодот кон зелени извори на енергија. Нешто помалку од половината од увезениот гас во Германија е од Русија.

sunwin

sunwin sunwin tài xỉu sunwin web

tải sunwin

tải sunwin sunwin web sunwin.apk mới nhất

sun win