СИ ЗАМИНА ЕДЕН ГОЛЕМ ЧОВЕК, ХУМАНИТАРЕЦ, БИЗНИСМЕН, ИНТЕЛЕКТУАЛЕЦ, СКОПСКА ЛЕГЕНДА, АДЕМ КОЧАН

Почина пoзнатиот бизнисмен Адем Кочан

По долго и тешко боледување во Скопје денеска почина Адем Кочан, познат македонски бизнисмен.

Тој е роден во 1955 година во Рожаје, Црна Гора а истата година со своето семејство почнале да живеат во Скопје. Во главниот град го завршил основното и средното образование, како и Економски факултет. По дипломирањето почнува да работи во тогашната Служба за општествено книговодство како финансиски инспектор. Во 1990 година ја отвори фирмата „Канет-компани“ која што се занимава со консалтинг и книговодствени услуги. Веќе од првите години се покажува како успешен бизнисмен по што следи и развојот на фирмата и ширењето на дејноста во областите на земјоделството, недвижнини, хотелиерство…

За својата работа добивал и бројни признанија. Во 2009 година неговото претпријатие „Агро Канет“ беше прогласено за најуспешно во изборот на Македонската развојна фондација за претпријатијата. Во 2017 година во Сараево го доби признанието за „Најменаџер на регија“ на подрачјето на Југоисточна и средна Европа. Беше и еден од основачите на Сојузот на стопански комори на Македонија. Во текот на својата работа често бил и донатор и учесник на повеќе хуманитарни акции.

Простувањето од Адем Кочан ќе се изврши утре, 10 ноември во 13. 30 часот во џамијата во Бутел 1, а погребот во 14,.30 часот на Градските гробишта во Бутел.

sunwin.apk mới nhất tải sunwin sunwin apk

sun win

sunwin club game bài sunwin tải sunwin apk

sunwin

sunwin