СИТЕ ТРЕБА ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА ОВИЕ ЛУЃЕ – Имам право на достоинствен живот – протестираа лицата со попреченост

Со транспаренти и знаменца со натпис „Имам право на достоинствен живот“, луѓето со попреченост, нивните семејства и здруженијата организираат протест за да ги побараат нивните права за еднаквост во македонското општество. Дојдени беа лица во колички, лица со кучиња помошница, лица кои побараат основни човекови права.

Ребека Јанковска-Ристески, мајка на дете со попреченост, во емотивен говор пред насобраните побара поголема свесност од сите и поддршка за овие лица.

„Еден ден можеби и тие ќе бидат лица со попреченост, еден ден можеби и тие ќе имаат внуче, син, ќерка.. Едноставно кај нас во државата свесноста одамна престана да постои. Можеби ќе излегуваме и многу почесто на протести, многу работи не ни се допаѓаат. Јас сум тука како родител, како пријател на ова група луѓе, колку можам помагам, но, навистина веќе е доста. Мора да ни ги дадат правата кои ги бараме. Тоа се основни човекови права, право да излеземе надвор, право да живееме…“, истакна таа, забележувајќи дека и политичарите ги нема никаде, тогаш кога протестираат луѓето со попречености.

И Бранкица Димитровска, претседателка на здружението „Хендикеп Плус“, впери прст токму кон политичарите.

„Вперувам прст кон државата, вперувам прст кон сите политичари кои 30 години манипулираат со лицата со попреченост. До ова дереџе сме дојдени од нив. Не може некој и патни трошоци да зема, да се лупа во гради дека нешто направил, и мене да не ме слуша. Единствен пратеник тука кој го гледам е од опозицијата, му благодарам на поддршката, но сите требаше да се тука. Јас очекував и премиерот да биде, и лидерот на опозицијата и од другите политички партии“, рече таа.

Со протестот присутните побараа итно покачување на додатокот за попреченост на сите категории, изедначување на биолошките семејства со згрижувачките, но и остварување на правото да работат и да имаат непречен пристап до работното место, соодветен животен стандард, право на домување. Меѓу барањата се и овозможување пристап до ин-витро оплодување за жени со попреченост, но и намалување на старосната граница за додаток за попреченост и тргање на возрасната граница за добивање електромоторна инвалидска количка.

„И ние сакаме достоинствен живот. Немаме редовна терапија, немаме помагала на терет на фондот. Има еден лек, „Кафтрио“ којшто ќе го промени живот на заболените, а за жал, државата не ни го донела. Засега се снаоѓаме кој како знае, а за понатаму се надеваме дека нашиот глас ќе допре до ушите на оние кои треба, до институциите“, истакна Наташа Новаковска, претставник на Асоцијацијата за цистична фиброза.

Протестот почна пред Влада, а продолжи кон Собранието. Сите барања утре ќе бидат напладне ќе бидат доставени до надлежните.

„Барањата утре во 12 часот ќе ги доставиме до Влада, по што ќе направиме камп, карши Собрание во Жена парк, и нема да се тргнеме оттаму додека не ни ги усвојат барањата“, истакна Димитровска од „Хендикеп Плус“.

Непосредно пред протест со свој став излегоа од Министерството за труд и социјална политика Оттаму велат дека интензивно се унапредуваат правата на лицата со попреченост, како и дека се отворени за дијалог.

„Во врска со денеска најавениот протест на неколку здруженија на лица со посебни потреби информираме дека инклузијата на лицата со попреченост е врвен приоритет на Министерството за труд и социјална политика и за таа цел преку повеќе проекти работиме на унапредување на правата и положбата на лицата со попреченост. Речиси сите проекти се креирани врз основа на тесната соработка со невладиниот сектор, а во дел од нив граѓанските организации и здруженија се јавуваат и како даватели на услуги, со единствена цел социјалните услуги да бидат поблиску до граѓаните“, стои во соопштението.

Од Министерството посочуваат и повеќе активности изминатиот период, како намалувањето на возрасната граница за стекнување на правото на личен асистент од 18 на 6 годишна возраста, отворање градинки кои ги задоволуваат стандардите за физичка пристапност и престој на деца со попреченост. Меѓу другото додаваат и дека продолжува и процесот на деинституционализација, а наскоро ќе биде отворен Центарот за одмена на семејната грижа во Демир Капија со капацитет од 250 корисници годишно.

Link with us
Game bài đổi thưởng
    Con gà gáy le té le te sáng đi xem phim xxlxxx con gà ơi :D Con gà gáy le té le te sáng đi xem phim patris all over 30 con gà ơi :D