Скопје и Охрид како Амстердам: Планот на Зоран Заев за легализација на марихуаната

Премиерот Зоран Заев е убеден дека декриминализацијата и легализацијата на канабисот, марихуаната може многу да им помогне на туризмот и угостителството. Неговиот план предвидува и вадење на парите од „под перници“, пишува Дојче Веле.

Тоа е дел од еден поширок економски пакет во којшто полагаме голема надеж“, вели премиерот. Ми делува дека не му пречи сугестијата во прашањето „ќе правиме ли Амстердам од Скопје?“, напротив, ја прифаќа со обете раце: „Зошто да не!“, пишува порталот.

„Целта е токму тоа. Да биде контролирано како во Амстердам и многу други градови во светот. Идејата е да се даде можност во туристичките места, вклучително и Скопје, кафулињата постојни и нови, со почитување на одредени стандарди- вентилација, доказ за потекло на марихуаната и сл., да се овозможи консумација на марихуана внатре во нив“, вели премиерот.

Стандардите ќе бидат исти за сите и секој ќе може да аплицира, објаснува Заев.

„Верувам, за мала земја, тоа може да донесе сериозен развој за угостителството и туризмот, имајќи ги посебно предвид нашите прекрасни туристички места: Струга, Охрид, Ресен, Дојран, Скопје, Берово, Маврово и сите други места.” Неговата проценка е дека овој проект може да им помогне и на угостителската дејност, но и на туризмот генерално.

„Ова е алатка со која можеме да ги дигнеме услужните дејности, затоа што тие малку учествуваат во домашниот БДП“, смета Заев, но ветува дека на оваа тема ќе се отвори широка дебата, па „ако мнозинството каже ’не чепкајте таму’, нема да чепкаме.”

Планот за декриминализација и легализација на марихуаната на Заев е дел од поширок економски пакет со кој сака да живне домашната економија.

Во тој пакет влегува и проектот за легализација на возила со странски таблички, легализација на готови пари и имоти, продажба на земјоделско земјиште и новиот Закон за данок на имот.

„Не можам да прифатам дека Словенија, земја со слична територија и население како нашето, има 75 милијарди БДП, а ние 11 милијарди“, вели Заев за Дојче Веле.

sunwin apk sunwin club sunwin web

sun win

sun win

sunwin

tải sunwin apk tải sunwin apk tải sunwin