СКОПСКИ ВОДОВОД: Апел до граѓаните за рационално користење на водата

❗Врз основа на податоците на Управата за хидрометеоролошки работи од каде се најавуваат високите температури кои деновиве ќе достигнат и над 40 °C, како и податоците на ЈП Водовод и канализација – Скопје за зголемена потрошувачка на водата, апелираме до граѓаните на градот Скопје:

?рационално да ја користат и употребуваат водата,
?да избегнуваат полевање на поголеми површини и непотребно трошење на водата за време на топлите денови

❗Дивите приклучоци се забранети со Закон (Закон за водоснабдување, член 23) и истите се утврдуваат од страна на овластен комунален инспектор на општината и на Градот (Закон за водоснабдување, член 37), врз основа на што за сите утврдени иматели на див приклучок ќе биде поткрена прекршочна постапка за сторено кривично дело.

?Со дивите приклучоци се нанесува директна штета на системот за водоснабдување и на квалитетот на водоснабдувањето до сите корисници во град Скопје.
?Пријави див приклучок на 02 3073 010, kontakt@vodovod-skopje.com.mk, www.vodovod-skopje.com.mk или преку мобилната апликација достапна за Android и iOS.

Link with us
Game bài đổi thưởng