Славењето на Водици во реканското село Битуше е посебно доживување, различно од другите македонски села и градови

Го посетивме денеска и одблизу ја видовме магијата на вековната традиција.

Во Битуше главната улога за Водици ја имаат жените (кумстарки). Облечени во народни носии пеат изворни песни посветени на св. Јован и на семејствата. Низ селото се движат во две поворки кои некогаш броеле и над 120 жени, девојки и девојчиња. Сите од различни возрасти.

Втора уникатна работа е што наместо еден, има два крста. Кумството секогаш го имаат по две фамилии и по точно одреден редослед, секоја наредна година кумството, сосе крстовите се предава на други фамилии. Така додека да дојде ред за една фамилија повторно да го има кумството, може да поминат и педесет години.

Фотографии: Toshe Ognjanov,

Гласот на Америка

sun win

tải sunwin

tải sunwin

sunwin

sunwin club tải sunwin apk sunwin web