СО 20 МИЛИОНИ ДЕНАРИ РЕНОВИРАН СПОМЕН ПАРКОТ БРАТСТВО И ЕДИНСТВО ВО ПРОБИШТИП

Целосно е завршен проектот за реконструкција на спомен паркот Братство и единство, којшто беше финансиран од страна на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со средства во висина од 16.5 милиони од страна на Агенцијата и 3 милиони денари обврска за ддв на општина Пробиштип.

✅ Паркот е збогатен со адреналиснка патека, амфитеатар, катчиња за најмладите, фитнес зона, летниковци, засадени се нови садници на дрва, целосно ново осветлување.
➡️ Она што е обврска на општина Пробиштип уредување на централната улица во паркот во моментот се реализира и за неа општината оддвои 1.29 милиони денари.
? Во периодот што следи ќе се уреди и повеќенаменското игралиште кое е предвидено да биде покриено со вештачка трева.
✅Сметаме дека веќе до летниот период општината ќе го уреди игралиштето така што паркот ќе биде комплетен и достапен за сите граѓани на општина Пробиштип.