Со цело срце за Вас! Скопско им подари на фудбалерите специјално дизајнирани лименки

За сите голови што не донесоа до историскиот успех, за Пандев, за Алиоски, за Адеми, за целата македонска фудбалска репрезентација во име на цела земја, Скопско на секој од репрезентативците поединечно им подари специјално дизајнирани лименки , посветувајќи им ја здравицата „Со цело срце за вас“.

Како горд подржувач на македонската фудбалска репрезентација и нераскинлив дел од сите важни моменти од нашето живеење, Скопско ја продолжи успешната фудбалска приказна со специјално дизајнирани лименки за репрезентативците кои го содржат нивниот потпис и број на дрес.

„Не постои поголема среќа од моментите кога имаме повод за колективна здравица како што е овој историски успех на македонската репрезетација. Со специјалната едиција на лименки покажуваме огромна благодарност за радоста која ни ја приредија нашите момци и наздравуваме во нивно име со цело срце. Ви благодариме што не направивте горди!“ изјави Менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

Специјалната едиција на колекционерски лименки посветена на фудбалерите ќе биде достапна за продажба во текот на фудбалското првенство, со што ќе добиеме можност уште посилно да наздравуваме и да ги бодриме нашите момци. Заедно и се е можно!

Link with us
  • tại sunwin cho android tại sunwin về điện thoại tải sunwin
  • sunwin sập chưa sunwin tại sunwin android
  • sun win game đổi thưởng sunwin sunwin cổng số 1
Game bài đổi thưởng